toyota-facebook

Правила и услови на користење на веб страницата

Веб-страната toyota.com.mk  е креирана и создадена од Тојота Авто Центар Скопје ,со седиште на ул Скупи бб Скопје Р. Македонија.. За потребите на правилата и условите на овој сајт, Тојота Авто Центар ја вклучува и компанијата Toyota Motor Europe и другите компании што се поврзани со неа.

1. Интелектуална сопственост
Сите материјали на овој сајт се интелектуална сопственост на  Тојота Авто Центар . Овие материјали не смее да бидат копирани или репродуцирани, освен до оној степен што е доволен за да се видат онлајн. Доколку имате потреба за повеќе информации, контактирајте го секторот маркетинг на Тојота Авто Центар.Можете да печатите цели страници од сајтот за ваша лична употреба.. Ваквите активности се покриени со правилата и условите за копирање на компанијата Тојота Авто Центар.
Тојота Авто Центар не гарантира дека овој веб сајт ќе функционира во целост, ќе биде стабилен и без грешки. Тојота Авто Центар во ниту еден случај нема да биде одговорна за било каква оштета или загуба која сте ја претрпеле како резултат на посета на овој сајт или обезбедувајќи било какви информации

2. Вистинитост на информации
Информациите на овој сајт се наменети за корисниците на автомобилите Toyota и Lexus во Р. Македонија и може да бидат невалидни за други надлежности. Тојота Авто Центар  се стреми  да ја осигури точноста и ажурноста на содржината на овој сајт. Меѓутоа, Тојота Авто Центар  го задржува правото да ги смени спецификациите на производите во кое било време без предходна најава.

3. Заштита на податоци
Тојота Авто Центар  ја почитува приватноста на секој поединец што ќе го посети овој сајт. Во форумот на овој сајт секој корисник си сноси одговорност за објавениот текст и податоците кои ги има оставено.
Личните податоци собрани за време на посетите на нашиот веб сајт кај нас се процесираат согласно правните прописи во Р. Македонија. Веб страната на Тојота Авто Центар може да содржи линкови кои не се покриени за заштита на податоци.

4. Закон и надлежност
Сите спорови што може да се јават во врска со овој сајт ќе бидат решавани по судски пат и во согласност со законите во Р.Македонија