Нашата веб-страница користи колачиња за статистичка анализа и за подобрување на корисничкото искуство. За повеќе информации, прочитајте ја нашата Политика за приватност.
Дали се согласувате со овие услови?
Ви го претставуваме комплетно новиот Highlander. Стилски и простран, овој софистициран СУВ со 7 седишта е придвижуван од најновата хибридна технологија како и интелигентниот погон на сите 4 тркала (AWD-i). Покрај удобното возење, Highlander ќе ви овозможи моќ и ефикасност како и максимална флексибилност во најактивниот начин на живеење.
Со својата моќна надворешност и впечатливи 20-инчни алуминиумски тркала, Highlander го комбинира софистицираниот изглед на урбан теренец со робусната привлечност на теренско возило.
Како вистинско возило со 7 седишта Highlander нуди доволен простор за сместување во третиот ред, со лесен пристап за двајца возрасни. Задната врата со сензор за отварање со помош на движење на ногата овозможува пристап до големиот багажен простор од 658 литри – кој може да се зголеми до 1909 литри – обезбедувајќи поголем простор кога и да имате потреба од тоа.
Со нашата хибридна технологија од четврата генерација Highlander ќе ви овозможи да уживате во сите придобивки на овој голем теренец, притоа без да морате да направите компромис помеѓу ефикасноста и емисијата на штетни гасови.
2.5- литарски хибриден мотор (Hybrid Dynamic Force) и моќност од 244 коњски сили , Highlander ќе ви понуди водечка во класата рамнотежа помеѓу моќноста и ефикасноста, со многу ниска емисија на CO2 (146g/km), како и потрошувачка на гориво (6.6 l/100 km).
Тивко и софистицирано возење во луксузна внатрешност изработена од високо квалитетни материјали кои се меки на допир, како и богати нивоа на опрема.
Внатрешноста вклучува вентилирани предни седишта, JBL аудио систем со 11 звучници како и 12,3-инчен мултимедијален екран осетлив на допир, кој вклучува навигација како и интеграција со паметен телефон преку Apple CarPlay ™ и Android Auto ™. За максимална безбедност, Highlander е опремен со најновиот безбедносен пакет- Toyota Safety Sense, заедно со head-up дисплеј како и дигитален внатрешен ретровизот*.
*Во зависност од одбраниот пакет на опрема.
АКТИВНА БЕЗБЕДНОСТ, ДИНАМИКА НА ВОЗЕЊЕ И СУСПЕНЗИЈА
ПАСИВНА БЕЗБЕДНОСТ И СИГУРНОСТ
НАДВОРЕШНОСТ
ВНАТРЕШНОСТ
АУДИО, КОМУНИКАЦИИ И ИНФОРМАЦИИ
(Дополнително над ниво EXECUTIVE))
НАДВОРЕШНОСТ
ВНАТРЕШНОСТ
АУДИО, КОМУНИКАЦИИ И ИНФОРМАЦИИ
(Дополнително над ниво LUXURY)
НАДВОРЕШНОСТ
ВНАТРЕШНОСТ
АУДИО, КОМУНИКАЦИИ И ИНФОРМАЦИИ
Технички карактеристики | HYBRID 2.5 HYBRID AWD-iE-CVT |
|
---|---|---|
Погон | Hybrid AWD-i / пренос на сите тркала | |
Трансмисија | Тип/ Менувач | E-CVT |
Работна зафатнина на моторот | см3 | 2 487 |
Тип на вбризгување на гориво | тип | 16 V, DOHC, VVT-iE , VVT-i |
Максимална моќност на хибридниот систем | KS | 248 |
Максимална моќност на моторот со внатрешно согорување | к.с. при врт./мин | 190 / 6 000 |
Максимална моќност на предниот електромотор | KS | 182 |
Максимална моќност на задниот електро мотор | KS | 55 |
Максимален вртежен момент на моторот со внатрешно согорување | Nm при врт./мин | 239 / 4 300 - 4 500 |
Максимален вртежен момент на предниот електромотор | Nm при врт./мин | 270 / 0-max |
Максимален вртежен момент на заден електро мотор | Nm при врт./мин | 121/ 0-max |
Максимална брзина | km/h | 180 |
Забрзување (0-100 km/h) | s | 8.3 |
Потрошувачка (комбиниран циклус)* WLTP | l / 100 km | 6.6-7.2 |
Потрошувачка (при ниски брзини)* WLTP | l / 100 km | 6.6-7.4 |
Потрошувачка (при средни брзини)* WLTP | l / 100 km | 5.8-6.5 |
Потрошувачка (при високи брзини)* WLTP | l / 100 km | 5.8-6.4 |
Потрошувачка (при многу високи брзини)* WLTP | l / 100 km | 7.7-8.2 |
Капацитет на резервоар за гориво | литри | 65 |
CO2 емисија (комбиниран циклус)* WLTP | g/km | 149-163 |
CO2 емисија (ниски брзини)* WLTP | g/km | 150-168 |
CO2 емисија (при средни брзини)* WLTP | g/km | 131-147 |
CO2 емисија (при високи брзини)* WLTP | g/km | 131-144 |
CO2 емисија (при многу високи брзини)* WLTP | g/km | 173-185 |
Еколошка норма | EURO 6 AР | |
Потпирање | тип | Предно тип MacPherson / Задно независна со двојни носачи |
Должина / Ширина / Висина | mm | 4 966 / 1 930 / 1 755 |
Меѓуоскино растојание | mm | 2850 |
Растојание од подлогата | mm | 202 |
Тежина на празно возило (мин. – макс.) | kg | 2 050 - 2 130 |
Максимално дозволена тежина на возило | kg | 4 720 |
Влечна сила (со сопирачки /без сопирачки) | kg | 2 000 / 700 |
Капацитет на багажен простор ** | l | 305 / 838 / 1 909 |
*Потрошувачката на гориво и вредностите за CO2 емисија се измерени на репрезентативно возило во контролирана средина во согласност со барањата на новата WLTP Европската директива ЕЗ 2017/1151 и соодветните дополнувања и корекции. Вкупната потрошувачка на гориво и CO2 емисиите на секое одделно возило со соодветна конфигурација може да се пресметаат врз основа на содржаната дополнителна опрема. Потрошувачката на гориво и CO2 емисијата на вашиот автомобил може да се разликуваат од измерените или пресметаните вредности заради стилот на возење, како и други фактори (како што се условите на патот, сообраќајот, општата состојба на автомобилот, притисокот на гумите, товарот, бројот на патници, итн.) кои значително влијаат на потрошувачката на гориво и CO2 емисиите . За повеќе информации во врска со новата постапка за тестирање WLTP, посетете ја https://www.toyota-europe.com/world-of-toyota/feel/en Environment/worldwide-harmonized-light.
** До таванот, при конфигурација со исправени 7 / 5 / 2 седишта