Не пропуштај

Квалитетот на вашето искуство зависи од вашиот избор

Toyota Авто Центар Дооел користи колачиња или технологии за следење, кои со ваша согласност може да се инсталираат на вашиот уред за следните цели: подобрување на искуството при посета на нашата страница, статистика за посетеност, прикажување персонализирани реклами при посета на партнерски страници и мерење на нивното влијание, користење на податоци за геолокација, за да ви понудиме можности во врска со социјални медиуми. За повеќе информации за нашата политика за колачиња, прочитајте ја нашата Политика и поставки за „колачиња”.

Со кликнување на копчето „Прифаќам “ подолу, се согласувате со користење на колачиња за горенаведените цели. За управување со параметрите за колачиња, кликнете овде: „Управување со моите колачиња”. Некои колачиња се строго неопходни за правилно функционирање на страницата и нашите услуги и се инсталираат автоматски.

Можете да ги контролирате и/или бришете колачињата како што сакате - можете да ги избришете сите колачиња кои се веќе на вашиот компјутер и можете да ги поставите повеќето прелистувачи да спречуваат нивно поставување. Меѓутоа, ако го направите ова, можеби ќе треба рачно да приспособувате некои параметри секогаш кога ќе посетувате локација и некои услуги и функционалности можеби нема да работат. За да ги одбиете колачињата отворете го полето „Управување со моите колачиња.

TOYOTA „КОЛАЧИЊА“

Како и повеќето веб-страници, така и ние користиме „колачиња” за да понудиме максимално задоволство од нашата веб-страница, нудејќи ја најдобрата можна услуга. Нашите „колачиња” ни овозможуваат да го персонализираме Вашето интернет искуство на нашата веб-страница и да чуваме и пренесуваме информации од страница на страница.

„КОЛАЧИЊА“ ЗА ФУНКЦИОНАЛНОСТ

На веб-страницата се користат функционални „колачиња” за зачувување на Вашите податоци за најава при следната посета. Исто така овие „колачиња” се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство со зачувување на одредени Ваши одлуки, на пр.

„КОЛАЧИЊА“ ЗА ПЕРФОРМАНС

На веб-страницата се користат колачиња за перформанс, за подобрување услугата што ја нудиме преку Интернет, користејќи аналитички софтвер, pop-up прозорци со истражувања или покана за тест возење и понуди за сеопфатно следење на ефективноста и нормалното функционирање на нашите веб-страници.

„КОЛАЧИЊА“ ЗА ТАРГЕТИРАЊЕ

Со цел да се активира целосната практична придобивка од нашата веб-страница, овие колачиња се користат за водење регистар на страниците што сте ги посетиле на нашата веб-страница или за да ви бидат обезбедени дополнителни услуги како на пример „најблискиот овластен дилер на Toyota”. Ова може да доведе до насочени таргетирани реклами кога посетувате други страници освен оние на Toyota. Овие „колачиња” се опционални и треба изречно да бидат прифатени од Вас во банерот за „колачиња” или во дијалогот за поставки во горниот дел на оваа страница.

„КОЛАЧИЊА“ ОД СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Овие колачиња се користат за услуги на социјалните мрежи.

СТРОГО НЕОПХОДНИ „КОЛАЧИЊА“

Овие колачиња се користат за активирање на основните функции на веб-страницата и за подобрување на нејзината безбедност. Без овие „колачиња”, нашите услуги може да не функционираат правилно. Тие не можат да бидат деактивирани на оваа веб-страница. Генерално, можете да ги оневозможите „колачињата” во секое време во вашиот прелистувач, но тоа ќе го спречи правилното функционирање на веб-страницата.

x
x

За да избегнете скапи дефекти, по завршување на студениот период направете ги овие работи на вашето возило.

 

По завршување на студените денови, автомобилот задолжително мора да биде прегледан. Најлесниот начин е проверката да се направи во овластен сервис,

Кои слаби точки поради ладното време би требале да го привлечат вашето внимание?

 

1.Гуми

Експертите препорачуваат користење на летни гуми кога температурата е помеѓу 7 и 10 степени, а во текот на ноќта не паѓа под нулата. Користењето на зимски гуми во пролет и лето поради високите температури и составот на зимските гуми предизвикуваат брзо трошење и абење на гумите. Летните гуми повеќе одговараат за користење во текот на пролета , не само во смисол на смесата која се користи во нивното производсво туку и на возните својства и перформансите кои ги имаат при возење по водени патишта. Летните гуми се потивки, бидејќи се полесни и ја намалуваат потрошувачката на горивото. Кога менувате гуми, тркалата мора да бидат балансирани. Оваа операција треба да се повтори на секои 10.000 километри.

Притисокот во гумите треба да се проверува на секои две седмици. Неговата оптимална вредност придонесува и за безбедноста во возењето и трајноста на гумите. Притисокот кој е за 20% понизок од препорачаното го смалува векот на траењето на гумата за 30 %, а помалиот од 30 % дури на половина. Исто така е добро да се знае дека длабочината на жлебот на шарата не смее да биде помала од 2mm, а во гумите со низок профил 3 mm. Не ја потценувајте состојбата на гумите бидејќи само тие обезбедуваат контакт со автопатот при забрзување, сопирање, брзо возење и свиоци. Мораат да бидат доверливи во секој момент.

По завршување на студеното време треба да се поработи не само на гумите, туку и на тркалата. Треба да се провери нивната стабилност бидејќи во зима често е пореметена после возењето преку замрзнатите патишта и дупките на патот. Патем, треба да се погледнат бандажите на кои биле поставени зимските гуми. Можеби треба некаде да се исправат и бојадисаат. Да се провери и ефикасноста на сопирачките и системот за управување.

 

2.Сопирачки

Течноста во сопирачките треба да се менува на секои 3-4 години. Понекогаш и на секои две години доколку возиме многу и динамично. Кога менувате гуми, исто така е лесно да се провери состојбата на дисковите на сопирачките и плочките. Треба да се има на ум дека забрзаната корозија предизвикана од солта може да ги блокира плочките на сопирачките кои не се враќаат во првобитна положба, што резултира со триење на дисковите. Ова се случува многу често после зимата. Последиците се огромни. Тогаш се зголемува потрошувачката на горивото, дисковите на сопирачките и квачилото се трошат брзо, а во екстремни ситуации системот за сопирање може да прегрее.

 

3.Суспензија

Исто така е важно да се провери ситуацијта на суспензијата и шасијата особено амортизерите, пружината, гумените навлаки и хомокинетичките споеви. За жал, еден оштетен елемент на суспензијата предизвикува забрзано трошење на другите.

4.Електрика и електроника

На долго патување на годишен одмор од соништата веројатно скате да заштедите секакви непријатни изненадувања, како што е ненадејното исклучување на вентилаторот на клима уредот што доведува до прегревање на моторот. Затоа, не смеат да се игнорираат било какви знаци за електричен дефект. Треба да се проверат неисправните светла (кратки споеви), неисправните електрични уреди. Да не се заборави ниту клинестиот ремен. Може да стане полабав (ризик од неправилна работа на многу делови) или валкан (што може да доведе до оштетување на ременот, лизгањето и во најдобар случај, бучава).

5.Вода во резервоарот за гориво

Во зима воздухот измешан со водена пареа се собира над горивото во резервоарот, особено кога температурата варира. Пареата се кондензира на ѕидовите од резервоарот и оди на дното на резервоарот. Зошто? Не само дека водата е потешка од горивото, туку и не се меша со него. Така може да се случи многу вода да се акумулира под слојот на горивото во резервоарот. Кога моторот ќе ја вшмука, можно е да откаже во најнеочекуваниот момент. Тоа особено се однесува на автомобилите чии возачи често возат на резерва.

6.Моторно масло

Промената на маслото не зависи само од километражата на автомобилот туку и од времето. Доколку производителот не препорачува продолжен век на траење, најдоброто време за промена на маслото е пролетта бидејќи маслото најбрзо се троши во зима на ниски температури. Не треба да заборавите да го проверите воздушниот филтер, можеби ќе треба да се замени.

 

7.Бришачи, ауспух, течност

Исто така се посветува малку внимание на гумите на бришачите. Во зима мора да се “борат” против снегот и замрзнатиот дожд. Гумите се смрзнуваат на шофершајбната, што често резултира со нивно оштетување. Со доаѓањето на пролетта најдобро е да бидат заменети, нема да зажалите доколку наидете на пролетен и летен дожд. Исто така проверете ја работата на клима уредот пред да почнат првите жештини.

Исто така мора да го чуете издувниот систем. Доколку работи погласно од вообичаено треба да посетите сервис. Доколку издувната цевка се расипе во текот на возењето тоа може сериозно да ја поремети работата на автомобилот.

 

Хемиско чистење на возила

При едно истражување од страна на компанија лидер во антимикробиолошката технологија биле исчистени воланот, вентилацијата и предните седишта од нивните автомобили. Откако собраните брисеви биле обработени во лабораторија, резултатите покажале дека седиштата во автомобилот се најзаразни површини, полни со бактерии кои успешно можат да опстојат во автомобилот.

Друго истражување покажало дека ентериерот на автомобилот, во зависност од нашите активности во него и времето поминато зад воланот, може да биде вистинско жариште на бактерии.

Истражувањата покажале дека во тестираните автомобили постои Ешерихија коли, Стрептококус, и други бактерии кои можат да предизвикаат неповолности по здравјето.

Истурените течности, храна, трошки и сл. само дополнително ги потхрануваат бактериите и им создаваат совршени услови за нивно опстојување.