Не пропуштај

Квалитетот на вашето искуство зависи од вашиот избор

Toyota Авто Центар Дооел користи колачиња или технологии за следење, кои со ваша согласност може да се инсталираат на вашиот уред за следните цели: подобрување на искуството при посета на нашата страница, статистика за посетеност, прикажување персонализирани реклами при посета на партнерски страници и мерење на нивното влијание, користење на податоци за геолокација, за да ви понудиме можности во врска со социјални медиуми. За повеќе информации за нашата политика за колачиња, прочитајте ја нашата Политика и поставки за „колачиња”.

Со кликнување на копчето „Прифаќам “ подолу, се согласувате со користење на колачиња за горенаведените цели. За управување со параметрите за колачиња, кликнете овде: „Управување со моите колачиња”. Некои колачиња се строго неопходни за правилно функционирање на страницата и нашите услуги и се инсталираат автоматски.

Можете да ги контролирате и/или бришете колачињата како што сакате - можете да ги избришете сите колачиња кои се веќе на вашиот компјутер и можете да ги поставите повеќето прелистувачи да спречуваат нивно поставување. Меѓутоа, ако го направите ова, можеби ќе треба рачно да приспособувате некои параметри секогаш кога ќе посетувате локација и некои услуги и функционалности можеби нема да работат. За да ги одбиете колачињата отворете го полето „Управување со моите колачиња.

TOYOTA „КОЛАЧИЊА“

Како и повеќето веб-страници, така и ние користиме „колачиња” за да понудиме максимално задоволство од нашата веб-страница, нудејќи ја најдобрата можна услуга. Нашите „колачиња” ни овозможуваат да го персонализираме Вашето интернет искуство на нашата веб-страница и да чуваме и пренесуваме информации од страница на страница.

„КОЛАЧИЊА“ ЗА ФУНКЦИОНАЛНОСТ

На веб-страницата се користат функционални „колачиња” за зачувување на Вашите податоци за најава при следната посета. Исто така овие „колачиња” се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство со зачувување на одредени Ваши одлуки, на пр.

„КОЛАЧИЊА“ ЗА ПЕРФОРМАНС

На веб-страницата се користат колачиња за перформанс, за подобрување услугата што ја нудиме преку Интернет, користејќи аналитички софтвер, pop-up прозорци со истражувања или покана за тест возење и понуди за сеопфатно следење на ефективноста и нормалното функционирање на нашите веб-страници.

„КОЛАЧИЊА“ ЗА ТАРГЕТИРАЊЕ

Со цел да се активира целосната практична придобивка од нашата веб-страница, овие колачиња се користат за водење регистар на страниците што сте ги посетиле на нашата веб-страница или за да ви бидат обезбедени дополнителни услуги како на пример „најблискиот овластен дилер на Toyota”. Ова може да доведе до насочени таргетирани реклами кога посетувате други страници освен оние на Toyota. Овие „колачиња” се опционални и треба изречно да бидат прифатени од Вас во банерот за „колачиња” или во дијалогот за поставки во горниот дел на оваа страница.

„КОЛАЧИЊА“ ОД СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Овие колачиња се користат за услуги на социјалните мрежи.

СТРОГО НЕОПХОДНИ „КОЛАЧИЊА“

Овие колачиња се користат за активирање на основните функции на веб-страницата и за подобрување на нејзината безбедност. Без овие „колачиња”, нашите услуги може да не функционираат правилно. Тие не можат да бидат деактивирани на оваа веб-страница. Генерално, можете да ги оневозможите „колачињата” во секое време во вашиот прелистувач, но тоа ќе го спречи правилното функционирање на веб-страницата.

x
x

 

РАЗЛИКА МЕЃУ ЛЕТНИ И ЗИМСКИ ПНЕВМАТИЦИ

Многумина не се свесни дека не ги добиваат најдобрите перформанси од својот автомобил затоа што не се сигурни за разликите помеѓу летните и зимските пневматици или кога е вистинското време да се заменат едните со другите.

Постои погрешна перцепција дека зимските пневматици се дизајнирани само за услови со длабок снег. Менувањето на пневматиците за секоја сезона е најдобриот начин за безбедно и ефикасно возење.

 

Летни пневматици?

Летните пневматици се специјално дизајнирани да се користат на Вашиот автомобил во текот на летните месеци. Или, поконкретно, во месеци од годината каде што температурата е повисока од 7⁰C - периодот од март до ноември.

Летните пневматици се направени од тврда гумена смеса која добро се прилагодува на условите на патот - влажни или суви - за да се обезбеди максимална тракција и перформанси на сопирање. Дополнително, ова секако значи помала потрошувачка на гориво.

Кога возите, Вашите пневматици природно ќе се загреат, а поцврстата гумена смеса што се користи во летните гуми е со помала веројатност  да пукне. Како што се загрева, тврдото соединение омекнува, што овозможува гумата ефикасно да се прилагоди на условите на патот.

Друга честа заблуда во врска со летните пневматици е околу нивните перформанси во влажни услови. Сè додека температурата е повисока од 7⁰C, летните пневматици се најбезбедните пневматици што можете да ги користите на влажни патишта. Тие се и најдобрите пневматици за користење за да се спречи пролизгување во случај на површинска вода.

 

Зимски пневматици?

Зимските пневматици се специјално дизајнирани за ниски температури и возење по снег и мраз. Гумената смеса е помека од онаа во летните пневматици, што им дава подобар контакт со студени патишта и во услови на мраз. Зимските пневматици се наменети за употреба на температури под 7⁰C.

Зимските пневматици имаат подлабоки, многу поистакнати шари, со голем број на бразди (малите жлебови на површината на шарата) кои овозможуваат максимална влечна сила, зафаќање на снегот и мразот, што овозможува подобро ракување со возилото, како и подобри перформанси и потрошувачка на гориво.

За време на снежни услови, длабоките жлебови во зимските пневматици го поттикнуваат снегот цврсто да се собере меѓу шарите, а тој насобран снег обезбедува дополнителна безбедност на патот.

 

Клучни разлики

Разликата помеѓу зимските и летните пневматици се главно во нивната гумена смеса, структурата и шарите.

Летните пневматици се многу поцврсти од зимските, а шарите не се толку длабоки или истакнати.

Како сезонските пневматици се справуваат со патиштата е клучната разлика.

Долгорочното сезонско менување на летни пневматици со зимски пневматици ќе ви заштеди пари. Иако првично ќе имате трошоци за купување на секој комплет сезонски пневматици, со текот на времето ќе ги видите придобивките, од помало триење и помазно возење што ќе доведе до подобрена потрошувачка на гориво и побавно абење.

 

Дали можете да користите летни пневматици во зима и зимски пневматици во лето?

И летните и зимските пневматици се специјално дизајнирани да се користат за време на екстремни температури и услови поврзани со секоја сезона, што значи дека може сериозно да влијаете на перформансите на вашето возило ако користите несоодветни сезонски пневматици во текот на целата година.

 

Опасности од користење на погрешни сезонски пневматици.

Бидејќи се наменети за употреба на пониски температури, зимските пневматици може да станат премногу меки кога се користат во текот на летото, што може брзо да ја истроши шарата и да влијае на растојанието на сопирање. Исто така, постои зголемен ризик од пролизгување кога се користат зимски пневматици во топли и суви услови.

Летните пневматици ја немаат истата влечна сила на снегот и мразот како зимските пневматици, така што користењето летни пневматици во текот на зимата е огромен ризик за безбедноста на Вашиот автомобил.