Не пропуштај

Квалитетот на вашето искуство зависи од вашиот избор

Toyota Авто Центар Дооел користи колачиња или технологии за следење, кои со ваша согласност може да се инсталираат на вашиот уред за следните цели: подобрување на искуството при посета на нашата страница, статистика за посетеност, прикажување персонализирани реклами при посета на партнерски страници и мерење на нивното влијание, користење на податоци за геолокација, за да ви понудиме можности во врска со социјални медиуми. За повеќе информации за нашата политика за колачиња, прочитајте ја нашата Политика и поставки за „колачиња”.

Со кликнување на копчето „Прифаќам “ подолу, се согласувате со користење на колачиња за горенаведените цели. За управување со параметрите за колачиња, кликнете овде: „Управување со моите колачиња”. Некои колачиња се строго неопходни за правилно функционирање на страницата и нашите услуги и се инсталираат автоматски.

Можете да ги контролирате и/или бришете колачињата како што сакате - можете да ги избришете сите колачиња кои се веќе на вашиот компјутер и можете да ги поставите повеќето прелистувачи да спречуваат нивно поставување. Меѓутоа, ако го направите ова, можеби ќе треба рачно да приспособувате некои параметри секогаш кога ќе посетувате локација и некои услуги и функционалности можеби нема да работат. За да ги одбиете колачињата отворете го полето „Управување со моите колачиња.

TOYOTA „КОЛАЧИЊА“

Како и повеќето веб-страници, така и ние користиме „колачиња” за да понудиме максимално задоволство од нашата веб-страница, нудејќи ја најдобрата можна услуга. Нашите „колачиња” ни овозможуваат да го персонализираме Вашето интернет искуство на нашата веб-страница и да чуваме и пренесуваме информации од страница на страница.

„КОЛАЧИЊА“ ЗА ФУНКЦИОНАЛНОСТ

На веб-страницата се користат функционални „колачиња” за зачувување на Вашите податоци за најава при следната посета. Исто така овие „колачиња” се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство со зачувување на одредени Ваши одлуки, на пр.

„КОЛАЧИЊА“ ЗА ПЕРФОРМАНС

На веб-страницата се користат колачиња за перформанс, за подобрување услугата што ја нудиме преку Интернет, користејќи аналитички софтвер, pop-up прозорци со истражувања или покана за тест возење и понуди за сеопфатно следење на ефективноста и нормалното функционирање на нашите веб-страници.

„КОЛАЧИЊА“ ЗА ТАРГЕТИРАЊЕ

Со цел да се активира целосната практична придобивка од нашата веб-страница, овие колачиња се користат за водење регистар на страниците што сте ги посетиле на нашата веб-страница или за да ви бидат обезбедени дополнителни услуги како на пример „најблискиот овластен дилер на Toyota”. Ова може да доведе до насочени таргетирани реклами кога посетувате други страници освен оние на Toyota. Овие „колачиња” се опционални и треба изречно да бидат прифатени од Вас во банерот за „колачиња” или во дијалогот за поставки во горниот дел на оваа страница.

„КОЛАЧИЊА“ ОД СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Овие колачиња се користат за услуги на социјалните мрежи.

СТРОГО НЕОПХОДНИ „КОЛАЧИЊА“

Овие колачиња се користат за активирање на основните функции на веб-страницата и за подобрување на нејзината безбедност. Без овие „колачиња”, нашите услуги може да не функционираат правилно. Тие не можат да бидат деактивирани на оваа веб-страница. Генерално, можете да ги оневозможите „колачињата” во секое време во вашиот прелистувач, но тоа ќе го спречи правилното функционирање на веб-страницата.

x
x

Новиот RAV4. 100% SUV, 100% Hybrid.

Пионерот на SUV сегментот со 25 годишно искуство сега достапен и во петтата генерација.

Пет добри причини за да го поседувате новиот RAV4 Hybrid:

  1. Смел SUV дизајн кој ве одвојува од конкуренцијата
  2. Високо квалитетна изработка на ентериерот со доволно простор за целото семејство
  3. RAV4 Hybrid AWD-i- уникатно задоволство и динамика при возењето
  4. Одберете Hybrid кој е добредојден во градската средина благодарение на
    најдобрата во класата CO2 емисија и економичност на гориво
  5. Најдобри системи за безбедност во класата како стандардна опрема

Побарајте видео презентација тука!

Hybrid SUV

Избор на боја

Опрема

Toyota Safety Sense- најнапредните безбедносни системи како стандардна опрема. Затоа што вашата безбедност е од суштинско значење, и никогаш не смее да биде опција!

  • Новиот RAV4 е опремен со најнапредните безбедносни системи кои ќе ви
    помогнат да возите со повеќе самодоверба. Безбедносните системи кои се дел од
    Toyota Safety Sense пакетот ќе ви помогнат навремено да изреагирате во било
    каква ситуација . Овој пакет кај RAV4 стандардно ги вклучува следните системи:
  • Систем за помош при избегнување на судир ( PCS, Pre Collision System)
  • Интелигентен адаптивен темпомат ( iACC)
  • Систем за предупредување при напуштање на коловозна лента ( LDA, Lane
    Departure Assist)
  • Систем кој го држи возилото во средината на коловозната лента ( LTA, Lane
    Trace Assist)
  • Автоматски долги светла (AHB, Automatic High Beam)
  • Систем за препознавање на сообраќајни знаци ( RSA, Road Sign Assist)
  • Систем за предупредување при замор на возачот

Бидете сигурни дека секогаш сè ќе биде под контрола.

 

АКТИВНА БЕЗБЕДНОСТ, ДИНАМИКА НА ВОЗЕЊЕ И СУСПЕНЗИЈА

  • TOYOTA SAFETY SENSE 2-ра генерација на систем за активна безбедност, која вклучува:
    1. Активен систем, за помош при избегнување на судир (PCS, Pre-Crash Safety) со Автоматска сопирачка за спречување на судир (AEB, Automatic Emergency Brake) и Препознавање на пешаци (дење и ноќе) и велосипедисти (дење). Со помош на радар и камера, системот ги следи патните услови пред автомобилот. При ризик за судир со автомобил или пешак:
      - го предупредува возачот звучно и визуелно
      - ја зајакнува силата на сопирање со цел скратувaње на патот на сопирање
      - при отсуство на реакција на возачот системот автоматски ја активира сопирачката во случај на опасност од судир (од 10-180 km/h| до 80km/h)
    2. iACC- интелигентен адаптивен темпомат кој го одржува зададеното растојание зад возилото кое се следи. Во координација со асистентот за препознавање на сообраќајни знаци (RSA), му дава можност на возачот да ја прилагоди брзината според зададените ограничувања на сообраќајните знаци. При брзина од 0-180km/h (од 40-180km/h за манулен менувач)
    3. LDA & LTA- Систем за предупредување при напуштање на коловозна лента со асистент кој го држи возилото во средината на коловозната лента и систем за следење на траекторијата на патната лента. Функционира при брзина 0-180km/h & 50-180km/h за мануелен менувач.
    4. Асистент за автоматско вклучување/исклучување на долги и кратки светла (AHB, Automatic High Beam). Системот ги регистрира предните фарови од возилата кои доаѓаат од спротивен правец, како и задните светла на возилата кои ги следите и ги прилагодува светлата средни/долги во однос на ситуацијата. Работи на брзини од 40-180 km/h.
    5. Асистент за препознавање на сообраќајни знаци ( RSA- Road Sign Assist). Преку камерата системот ги препознава знаците за ограничување на брзината и забраната за претекнување и на проектира на инструмент таблата. При прекршување на дозволените ограничувања системот предупредува звучно и визуелно.
    6. Систем за предупредување при замор на возачот, регистрира дали автомобилот ја следи патната лента и ако востанови напуштање или некотролирано движење го предупредува возачот визуелно.
  • ASL- систем за ограничување на максималната брзина со управување преку копче на воланот со меморија.
  • Stop & Start систем кој што автоматски го исклучува моторот при потполно сопирање и повторно го вклучува при притисок на папучата на гаста (кај автоматски менувач) односно при притисок на папучата за спојка кај мануелен менувач со цел намалување на потрошувачката на гориво во градски услови. Стандардно за сите возила со автоматска и мануелна трансмисија.
  • Антиблокирачки систем за сопирање, со електронско распределување на силата на сопирањето и помош при сопирањето (ABS + EBD + BA)
  • Систем за контрола на влечната сила (TRC). Со автоматско блокирање на погонските тркала кои пролизгуваат и прераспределување на вртежниот момент и регулирање на вртежите. (со копче за деактивација)
  • Систем за контрола на стабилноста на возилото (VSC).
  • Систем за помош при тргнување на нагорнини (HAC). Автоматски го задржува возилото закочено 2 секунди преку активација на сопирачките на сите тркала.
  • Систем за контрола на стабилноста на приколка (TSC). Го следи движењето на приколката и кога ќе забележи опасност од дестабилизација и откачување на приколката автоматски ја прилагодува брзината на возилото со цел намалување на ризикот од откачување.
  • Електричен серво управувач, осетлив на брзина (EPS)
  • Активни стоп светла,а втоматски пулсирааат при ненадејно сопирање (EBS)
  • Индикатор за предупредување на намалување на притисок во пневматик (TPWS)
  • MacPherson независно потпирање со спирално пружини - напред,
  • Потпирање назад, независно потпирање со двојни носач - мултилинк

ПАСИВНА БЕЗБЕДНОСТ И СИГУРНОСТ

  • Браници кои ја апсорбираат енергијата при судир и делумно помага при судир со пешак
  • Стандарден пакет од 7 воздушни перници, интегрирани во системот за пасивна безбедност:
    - 2 Фронтални, вoздушни перници за предните седишта со можност за исклучување на совозачкото перниче
    - 2 Странични, двокоморни, воздушни перничиња за предните седишта,
    - 2 Странични, воздушни перници тип "Завеси" на предните и задните седишта
    - 1 Воздушно перниче за колена, возач
  • Предни, заштитни ремени со автоматско затегнување при судир и регулирање на висината
  • Заштитни ремени на задните седишта со прицврстување во 3 точки
  • Предупредување за непоставени ремени на седиштата
  • Предни седишта со систем за намалување на можноста за повреди при судар од назад
  • Потпирачи за глава, рачно регулирачки по височина за сите 5 места
  • Isofix држачи кај надворешните задни седишта
  • Заштита за отварање од внатре на задните врати (child-lock)
  • AVAS систем за акустично предупредување на пешаците при движење на електричен погон на ниски брзини (само за хибридни автомобили)

ACTIVE

НАДВОРЕШНОСТ

  • 17” сребрени алуминиумски тркала со 5 краци и пневматици 225/65 R17 7J
  • Привремена резервна гума со алуминиумско тркало  (T165/80/17), со дигалка и клуч
  • Предни LED светла со повеќе рефлектори со автоматско вклучување (сензор за светлина) и функција „follow me home“
  • Автоматско прилагодување на висината на фаровите
  • LED автоматски дневни светла - при палење на моторот (Daytime Running Lights)
  • LED задно стоп и централно стоп светло
  • Странични ретровизори во боја на каросеријата со вградени трепкачи, електрично прилагодување и греење, автоматско преклопување
  • Спојлер со вградено 3-то LED стоп светло
  • Антена во форма на перка на ајкула
  • Браници и рачки на вратите во боја на каросеријата
  • Двоен ауспух (тркалезен)
  • Предни и задни браници
  • Црни теренски заштитници на калниците и праговите
  • Шини на покривот со црна боја
  • Централна брава со далечински управувач
  • Црн теренски преден и заден протектор
  • Тонирани во зелено, армирани стакла со УВ заштита и топлинска изолација
  • Предна решетка во црна боја
  • Заден спојлер во боја на каросеријата
  • Склопувачки клуч со вграден далечински управувач за централна брава
  • Ниско поставени странични ретровизори

ЕНТЕРИЕР, УДОБНОСТ И ЛУКСУЗ

  • Автоматски систем за климатизација со филтер за полен и филтер за свеж воздух, со отвори за   предни и задни седишта  (за 2.5 Hybrid FWD & AWD)
  • Систем за климатизација со филтер за полен и филтер за свеж воздух, со отвори за предни и задни седишта (за 2.0 D-4S)
  • Електрични предни и задни прозорци со еден допир
  • Повеќефункционален волан обложен со кожа со три краци и вградено управување на аудиосистемот, телефонот и  бордкомпјутерот
  • Волан со регулација во висина и длабочина (телескопски), со  електрично сервоуправување (EPS)
  • Стартување на моорот со копче (за 2.5 Hybrid FWD & AWD)
  • Менувач обложен со кожа
  • Електронска рачна сопирачка
  • Потпирачи за раце на предните и задните врати
  • Автоматско заклучување на вратите за време на движење
  • Тапацир за седишта од црна синтетичка кожа со задни џебови на предните седишта
  • Потпирач за рака помеѓу предните седишта со подвижен капак и кутија за складирање
  • Подвижен потпирач за раце со 2 држачи за чаши помеѓу двете задни седишта
  • Електрични приклучоци од 12V на предниот дел на возилото
  • LED осветлување при влегување и излегување од автомобил и осветлување во багажникот
  • Ретровизор ден/ноќ
  • Штитници од сонце со вградени огледала и осветлување на предните седишта
  • Сив тапацир на таванот со централно лоцирано светло за предни и задни седишта
  • Рачно подесување на предните седишта: надолжно и аголот на потпирачот за грб и возачкото седиште во висина
  • Преклопување на задните седишта, делливи (60:40), само со едно движење (систем  Toyota Easy Flat)
  • Подвижна ролетна, заштитна облога во багажникот на ниво на горниот раб на задните потпирачи за грб
  • Двостран под на багажникот (тепих/пластика)
  • Простор за шише во предните и задните врати
  • Закачалки (2 парчиња) за задните седишта
  • Осветлување во багажникот
  • Кутија за очила
  • Џеп на грбот на предното патничко седиште
  • Материјали меки на допир во долниот дел на инструмент таблата
  • Централна конзола со црн пијано лак

АУДИО, КОМУНИКАЦИИ & ИНФОРМАЦИИ

  • Спортска инструмент табла со два кружни   инструменти, поставени симетрично од двете  страни на 7” мултиинформациски дисплеј
  • Мултиинформациски, TFT 7” дисплеј во боја на инструменталнт таблата
  • 4-годишна претплата на cloud услуги со навигација (нема потреба од поврзување телефон),
  • Интелигентен гласовен асистент „Hey Toyota”.
  • Мултимедијален систем Toyota Smart Connect со 10.5” дисплеј
    • Аудиосистем со  6 звучници
    • DAB Радио со FM / AM тјунер
    • 3 USB (1 на конзолата и 2 за задните сеишта) и Aux-in влезови за поврзување на преносни уреди
    • Целосна контрола на iPod и MP3 плеер преку   дисплејот
    • Bluetooth® поврзување со мобилни телефони за повици со слободни раце, репродукција на музика и автоматско преземање телефонски именик
    • Пристап до СМС / е-пошта преку мобилен телефон поврзан со Bluetooth со пристап до интернет (Функцијата не е компатибилна со сите модели на мобилни уреди)
  • Интеграција за смартфон со Android Auto (со кабел) и Apple CarPlay (безжично)

DYNAMIC

(дополнително над ACTIVE)

НАДВОРЕШНОСТ

  • Сребрен долен дел на преден и заден браник
  • Двоен ауспух (овален)
  • Систем за чистење на фаровите под висок притисок со млазници што се извлекуваат интегрирани во предниот браник

(за сите мотори)

  • Фарови за магла со црни оквири
  • Предни и задни паркинг сензори за помош при паркирање
  • Автоматски предни бришачи (сензор за дожд)
  • Сребрена предна решетка
  • Систем за загревање на бришачите и предупредување за ниско ниво на течност за миење во резервоарот (за сите мотори)

ЕНТЕРИЕР, УДОБНОСТ И ЛУКСУЗ

  • Двозонски, електронски, автоматски систем за климатизација, со независни контроли за возачот и патникот (за D-4S)
  • Електрохромски ретровизор (автоматско затемнување)
  • Стартување на моторот со копче
  • Греење на предните седишта со 2 нивоа на греење
  • Копчиња за контрола на off-road режимите (само за AWD) до рачката на менувачот
  • Амбиентално осветлување во подножјето за предните седишта
  • Силно затемнети задно и странични стакла
  • Кожен тапацир на рачката на менувачот и хромирано копче на рачката на рачната сопирачка
  • Тапацир од мека синтетичка кожа на долниот дел од инструмент таблата, со украсни шевови
  • Тапацир од мека синтетичка кожа на потпирачите за раце и страните на предните и задните врати
  • Капак на предниот централен потпирач за рака, тапациран од синтетичка кожа со везени шевови, со функција за лизгање нанапред (само за автоматска трансмисија )
  • Осветлување на копчињата за прозорците

АУДИО, КОМУНИКАЦИИИ & ИНФОРМАЦИИ

  • Дигитален 12.3“ дисплеј во инструмент таблата со можност за персонализација
  • Задна камера за помош при паркирање во боја со визуелизација на дисплејот и насочување

EXCLUSIVE

(дополнително над DYNAMIC - само кај Хибрид)

НАДВОРЕШНОСТ

  • Двобојна каросерија - главната боја на каросеријата + црн покрив, црни алуминиумски тркала со нов дизајн и пневматици 225/60R18H и црни ретровизори
  • Bi-LED, LED фарови со нов дизајн, со автоматско прилагодување на висината
  • Систем за автоматско отклучување/заклучување со допирање на рачките на вратите и палење на моторот со копче (Smart Entry & Start System)
  • Електрично, автоматско отворање/затворање на задната врата (преку клуч, копче во патничкиот простор или копче во багажникот)

ЕНТЕРИЕР, УДОБНОСТ И ЛУКСУЗ

  • Црн тапацир на внатрешната страна на таванот
  • Спортски седишта со луксузен, сино-црн тапацир од синтетичка кожа
  • Електрично прилагодување на возачкото седиште во 6 насоки (висина/агол, надолжна положба, потпирач за грб) и лумбална потпора

АУДИО, КОМУНИКАЦИИИ & ИНФОРМАЦИИ

  • 3 USB порти во предната конзола и 2 USB порти за задните седишта
  • Приклучок за безжично полнење на мобилни уреди (само за уреди што поддржуваат Qi технологија)

ADVENTURE

НАДВОРЕШНОСТ

  • Ексклузивен пакет на екстериер за ниво Adventure
    • Целосно црна предна решетка со две хоризонтални линии
    • LED светла за магла, врамени  со црни гнезда кои го нагласуваат авантуристичкиот дух
    • Амблем TOYOTA сместен во средината на предната решетка
    • Сребрени предни и задни штитници, во контраст со црните браници
    • Поголеми црни лакови на браникот кои го штитат возилото на оff-road терен
    • 19” матирани црни алуминиумски тркала со пневматици 235/55R19
  • Комплект за поправка на пневматици (TRK), без резервна гума
  • Панорамски кров со електрично управување (лизгање и отворање) и внатрешна ролетна
  • Еднобојна каросерија

ЕНТЕРИЕР, УДОБНОСТ И ЛУКСУЗ

  • Спортски седишта со луксузен црн тапацир од синтетичка кожа со портокалови шевови на седиштата, контролната табла, воланот, вратите и потпирачот за рака
  • Електрично прилагодување на возачкото седиште во 6 насоки (висина/агол, надолжна положба, потпирач за грб) и лумбална потпора
  • Систем за следење на мртвата точка со индикација  во страничните ретровизори (BSM, Blind Spot Monitor).
  • Систем за следење на просторот зад автомобилот при возење наназад со звучно предупредување и индикација на страничните ретровизори (RCTA, Rear Cross Traffic Alert).
  • Panoramic View Monitor 360°: систем од  4   камери во  боја, кој обезбедува поглед од птичја перспектива од 360° на  дисплеј од 5” :
    • Предна широкоаголна камера која дава странична видливост при излегување од гаража или раскрсница
    • Задна камера во боја за помош при паркирање со визуелизација на дисплеј од 5”  со насочување и  функција за широкоаголен преглед
    • Две странични камери во ретровизорите со функција за двоен страничен поглед
    • Панорамски поглед на возилото од 360° од птичја перспектива, овозможувајќи маневрирање и паркирање на тесни места
    • Поделен екран на дисплеј од 10,5" за истовремена визуелизација на панорамски поглед плус предна или задна камера
  • Систем за загревање на бришачите и предупредување за ниско ниво на течност за миење во резервоарот (за сите мотори)
  • Дигитален ретровизор со камера поставена високо под задниот спојлер на внатрешната страна на стаклото. Ретровизорот работи како обичен електрохроматски ретровизор, но кога се активира се префрла на поглед од камерата, со што ја зголемува видливоста при носење товар. Дигиталниот ретровизор може да се прилагоди со осветленост, боја, зумирање и одзумирање на сликата.
  • Кожен волан со греење

АУДИО, КОМУНИКАЦИИ И ИНФОРМАЦИИ

  • Аудиосистем JBL од највисока класа со 9 звучници
  • Систем за навигација со карти за Европа и гласовно управување

Спецификации

Бескомпромисна фузија на перформансите, потрошувачката и ниската емисија на штетни гасови.

RAV4 ја потврдува својата позиција како лидер на SUV пазарот и со револуционерниот 2.5-литарски хибриден погон. Достапен со интелигентен систем за погон на сите тркала (AWD-i), RAV4 испорачува импресивни перформанси како во градски услови така и при “off-road” возење . Способен да се прилагоди автоматски на променливите услови за возење, ќе ја имате потребната контрола над управувањето секогаш кога ќе ви затреба - снег, кал, стрмнини, како и при свиоци.

 

 

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ БЕНЗИН ХИБРИД
2.0 l Бензин Directinjection FWD
6 М/Т
2.0 l Бензин Directinjection AWD
6 М/Т
2.0 l Бензин Directinjection AWD
Direct Shift-CVT
2.5 ХИБРИД FWD
E-CVT
2.5 ХИБРИД AWD-i
E-CVT
Погон   FWD AWD FWD AWD-i
Трансмисија Тип/Менувач 6 MT Direct Shift-CVT E-CVT
Работна зафатнина cm3 1987 2487
Тип на вбризгување на горио Тип D-4S (директно и индиректно вшприцување на горивото)
Максимална моќност на хибридниот систем Кс   218 222
Максмална моќност на моторот со внатрешно согорување Кс @ вм 175 / 6 600 177 / 6 000
Максимална моќност на предниот електро мотор kW/Кс   88/120
Максимална моќност на задниот електро мотор kW/Kс   40/55
Максимален вртежен момент Њм @ вм 208 / 4 300 - 5 200 221 / 3 600 - 5 200
Максимален вртежен момент на преден електро мотор Њм   202
Максимален вртежен момент на заден електро мотор Њм   121
Максимална брзина Км/ч 190 180
Забрзување (0-100 km/h) Сек 9.8 9.9 11 8.4 8.1
Потрошувачка на гориво (комбинирано) (17"/18") NEDC Л / 100 км 6.0 / 6.1 6.2 / 6.4 5.8 / 5.9 4.5 / 4.6 N/A
Потрошувачка на гориво (град) (17"/18") NEDC Л / 100 км 7.5 / 7.6 7.7 / 7.8 6.8 / 6.8 4.4 / 4.7 N/A
Потрошувачка на гориво (отворено) (17"/18") NEDC Л / 100 км 5.2 / 5.3 5.4 / 5.5 5.3 / 5.4 4.7 / 4.7 4.4 / 4.5
Капацитет на резервоар за гориво Литри 55
CO2 емисија (комбинирано) NEDC г / км 138 / 140 142 / 145 134 / 136 102 / 105 100 / 103
CO2 емисија (комбинирано) (17"/18") NEDC г / км 138 142 134 102 100
Еуро стандард   EURO 6D
Потпирање Тип напред MacPherson / назад мултилинк
Должина / Ширина / Висина Мм 4 600 / 1 855 / 1 685
Капацитет на резервоар за гориво Мм 2690
Растојание од подлогата Мм 195 190
Тежина на празно возило (min.-max.) Кг 1 450 - 1 565 1 510 - 1 615 1 560 - 1 670 1 590 - 1 680 1 650 - 1 730
Мксимално дозволена тежина на возило Кг 2050 2105 2155 2135 2225
Влечна сила (без сопирачки / со сопирачки) Кг 2 000 / 750 2 000 / 750 1 500 / 750 800 / 750 1 650 / 750
Капацитет на багажен простор Литри 580 / 1 189 / 1 690

Податоците за CO2 емисијата варираат зависно од опремата на возилото.

Закажи тест возење

Моите лични податоци ги доставувам по сопствена волја и согласен сум ТОЈОТА АВТО ЦЕНТАР ДООЕЛ Скопје да ги обработува и споделува согласно Политиката за приватност и заштита на личните податоци на ТОЈОТА АВТО ЦЕНТАР ДООЕЛ Скопје со цел праќање на персонализирани понуди, реклами и покани.

Се согласувам со Политиката за приватност и заштита на личните податоци на ТОЈОТА АВТО ЦЕНТАР ДООЕЛ Скопје. Запознаен сум дека во секое време, бесплатно и со користење на едноставни средства, имам право да барам пристап, дополнување, измена, бришење или запирање на обработката на моите податоци.

Податоците кои ги наведувам во овој доумент се точни и вистинити и ја преземам целата одговорност за нивната точност и веродостојност.

Ги прифаќам горенаведените услови.
Брзи Врски
Финансирање
Тест возење