ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРИВАТНОСТ ПРИ ОБРАБОТКАТА НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Ова Известување за приватност содржи информации за обработката на вашите лични податоци од наша страна, со цел:
− Да ви ги претставиме наши производи и услуги,
− Да ги проследиме и исполниме вашите барања упатени до нас,
− Ефикасно да ги менаџираме вашите релации и контакти со нас,
− Да ви испратиме одредени маркетинг известувања и покани за одредени истражувања, доколку сте дале согласност за тоа.
Ова известување за приватност е составен дел од нашата Генерална политика на Toyota/Lexus за приватност и заштита на личните податоци („Генерална политика за приватност“), која ги содржи општите правила за обработка на вашите лични податоци и е достапна во нашиот салон во хартиена форма како и на https: // www. toyota.com.mk/article/politika-na-privatnost-i-zashtita/.
ТОЈОТА АВТО ЦЕНТАР ДООЕЛ Скопје, со ЕМБС 5376947 и седиште на Бул. 8-ми Септември бр. 21, Скопје – Карпош како Контролор, ги собира и ги обработува вашите лични податоци (како што е наведено подолу) за целите опишани подолу.
Кои лични податоци ги собираме?
Ги собираме следниве категории на ваши лични податоци:
- Вашето име и презиме и формана обраќање (г-ѓа, г-ца, г-н), ЕМБГ, возачка дозвола, лична карта,
- Вашите контакт податоци (на пример, домашна адреса, адреса на електронско сандаче и (мобилен) телефонски број),
- Профил на социјална мрежа (кога се поврзувате со нас преку нашата страница на социјална мрежа),
- Информации за вашите посети на нашите центри, набавки, резервирани конфигурации на автомобили, извршени поправки и одржувања и контакти со нас (прашања, барања), записи на телефонски повици, итн.),
- Информации за вашиот автомобил Toyota/Lexus, на пример: број на шасија (VIN), регистарски број, датум на испорака, период на гаранција, километража, историја на сервиси, податоци за геолокација),
- Информации за вашите интереси и преференции.
Во случај да сте склучиле договор за финансирање или лизинг, Овластениот трговец може да биде овластен да ги обработува вашите лични податоци потребни за пополнување на формуларите поврзани со договорот и да ги внесе овие информации во системите на соодветната финансиска институција/давател на лизинг. Во врска со ова, треба да се запознаете и со известувањата за приватност на податоци на соодветната финансиска институција/давател на лизинг.
Лични податоци на трети лица обезбедени од вас:
- Во одредени случаи собираме податоци на физички лица-корисници на вашиот автомобил Toyota/Lexus, како што се име и презиме, ЕМБГ, адреса, адреса на електронско сандаче, телефонски број, возачка дозвола, лична карта.
Цели и правни основи за обработка на вашите лични податоци
Ние ги обработуваме вашите лични податоци за целите и врз основа на правните основи опишани како што следува:
Цел | Правни основи |
За обработка и исполнување на вашите барања: |
|
|
Извршување на договор |
|
Извршување на договор |
|
Законски интерес на Контролорот |
За исполнување на договори меѓу нас и вас: | |
|
Извршување на договор |
|
|
|
|
За да го подобриме квалитетот на нашите производи, услуги и искуството со клиентите: | |
|
Извршување на законска обврска |
|
Законски интерес на Контролорот или трето лице |
За да ви испратиме маркетинг пораки и маркетинг истражувања: | |
|
Ваша согласност (изричито дадена од вас) |
|
|
|
|
|
|
Кој може да ве контактира? ТОЈОТА АВТО ЦЕНТАР ДООЕЛ Скопје, како и примателите наведени во делот „Приматели на вашите лични податоци“ подолу. Ве уверуваме дека вашата согласност нема да се искористи за да ви испраќаме небарани рекламни пораки/пошта или да ве затрупаме со пораки. Ние би сакале да го знаеме вашето мислење и да дознаеме за вашите интереси, преференци и очекувања преку градење профил на клиент врз основа на анализа на информациите што ги добиваме за вас. Истото ќе го користиме за да ги персонализираме нашите пораки до вас и да ви испраќаме персонализирани понуди, реклами и покани. |
|
За да управуваме со вашите лични податоци: | |
|
Законски интерес на Контролорот или трето лице |
|
|
Законска обврска за споделување на вашите лични податоци: | |
|
Извршување на законска обврска |
Рокови за чување на вашите лични податоци
Вашите лични податоци нема да се чуваат подолго отколку што е потребно за да се постигнат целите утврдени во ова Известување за приватност. Кога ќе се постигне целта/целите за лпо се собрани, вашите лични податоци ќе бидат избришани или анонимизирани (обезличени).
Нашите политики и процедури се засноваат на следниве критериуми за утврдување на роковите за чување на личните податоци во контекст на целитеопишани погоре:
- Времето помина од вашиот последен контакт со нас;
- Времето што ни е потребно нам и вам за исполнување на вашите барања (на пример: ако сте побарале тест возење преку Интернет, ние ќе ги задржиме вашите лични податоци за период од 6 месеци по датумот на кој сте ни го испратиле вашето барање преку Интернет).
- Секоја актуелна или потенцијална судска постапка или спор (на пример: овие информации ни требаат за да истакнеме или да се браниме од правни побарувања), во тој случај ќе ги чуваме вашите лични податоци до крајот на тој спор.
- Регулаторна или законска обврска за чување лични податоци (на пример: за даночни цели), во тој случај ќе ги зачуваме вашите лични податоци во период за кој се потребни.
Приматели на вашите лични податоци
Вашите лични податоци може да се споделат со следниве приматели или категории на приматели:
Toyota Balkans, 163 Tsarigradsko shosse Blvd., Sofia, Bulgaria
Toyota Motor Europe NV/SA, Avenue du Bourget 60, 1140 Brussels, Belgium
Inchcape plc, 22a St James’s Square, SW1Y 5LP, London, UK
Inchcape Management (Services) Ltd, 22a St James’s Square, SW1Y 5LP, London, UK
Овластени од горенаведените лица - даватели на услуги во врска со исполнување на горепосочените цели.
Откривање/пренесување на вашите лични податоци во земји надвор од Европската Унија (ЕУ)/Европскиот Економски Простор (ЕЕП)
Можеме да ги пренесеме вашите лични податоци надвор од ЕУ/ЕЕП, вклучително и во Соединетите Американски Држави и Велика Британија, доколку е потребно: (i) за да постигнеме која било од целите утврдени во ова Известување за приватност и/или (ii) за откривање на вашите лични податоци на трети лица (вклучително и оние наведени во поглавјето „Приматели на вашите лични податоци“) во согласност со ова Известување за приватност.
Во случај вашите лични податоци да бидат пренесени надвор од ЕУ/ЕЕП, ќе се погрижиме да се применат следниве мерки:
- Законодавството на земјата во која се пренесуваат вашите податоци обезбедува соодветно ниво на заштита на личните податоци (член 49 од ЗЗЛП); или
- Преносот се одвива според условите утврдени во член 50 од ЗЗЛП.