Не пропуштај

Нашата веб-страница користи колачиња за статистичка анализа и за подобрување на корисничкото искуство. За повеќе информации, прочитајте ја нашата Политика за приватност и Известување за приватност на податоци.

Дали се согласувате со овие услови?

x
x

НОВИОТ ГРАДСКИ АВТОМОБИЛ- Aygo X Prologue.

Ви го претставуваме Aygo X Prologue. Новиот градски автомобил за новото време.

Привлечен и полн со самодоверба, овој нов концепт ја истакнува нашата уникатна визија за новата генерација на компактни автомобили. Роден во Европа, тој го комбинира импозантниот и привлечен дизајн со компактната кросовер каросерија, овозможувајќи им на возачите целосно уживање во градскиот живот.

Дали сакате да се одвојувате од другите? Дали сакате да се забавувате? Ова е сликата што ќе сакате да ја претворите во реалност.

 

 

 

 

МАЛ АВТОМОБИЛ СО ГОЛЕМИ ИДЕИ

 

 

Урбан став.

Комбинирајќи ја забавата која доаѓа од моделот Aygo со привлечниот дизајн, Aygo X Prologue е автомобил со силен карактер и атлетски изглед со кој се одвојува од сите останати компактни градски автомобили. Со компактни димензии, специфична кросовер каросерија и висока положба на седење, Aygo X prologue се издвојува со својот стил, нудејќи идеално градско возачко искуство.

 

 

Впечатлив лик, подготвен за авантура.

Aygo X Prologue е направен да внесе нова возбуда во животот. Двобојната каросерија и заоблената таванска линија гарантираат дека ќе го привлечат посакуваното внимание. Предниот дел на возилото со впечатливи светла и широката предна маска, додаваат автентичен став на слобода на движење.

 

 

Создаден во Европа.

Aygo X Prologue ги има своите корени во Европа. Импозантниот, карактеристичен изглед е создаден од посветен дизајнрески тим- Европскиот центар за дизајн на Toyota во Франција. Тимот на дизајнери се фокусираше на млади, урбани возачи во Европа, кои бараат автомобил со карактеристичен и смел став, преку кој ќе можат да го изразат својот карактер додека се забавуваат зад управувачот.