x
x

Програма за замена на возила по принципот "СТАРО ЗА НОВО"

Во рамките на Тојота Авто Центар нудиме можност за замена на возила по принципот „Старо за ново“, вклучувајќи ги сите брендови во замената, по реални пазарни цени.

Замената подразбира неколку чекори:

1. Преглед на состојбата на користеното возило – се прави во нашиот сервисен центар секој работен ден од 08:00 ч – 16:00 ч со претходно закажување на термин. Возилото детално се прегледува во неколку точки:

  1. Проверка на надворешната состојба на возилото
  2. Проверка на моторот
  3. Проверка на системот за управување
  4. Проверка на трансмисиониот систем
  5. Проверка на системот за сопирање
  6. Проверка на подвозјето
  7. Проверка на внатрешната состојба на возилото
  8. Проверка на електронските системи
  9. Проверка на аудио системот
  10. Проверка на пневматиците

Цената на прегледот чини 1,180 денари со вклучено ДДВ и трае од 30 до 45 минути.

 

2. Дефинирање на откупната вредност – врз основа на утврдената состојба на користеното возило добиена од извештајот како и пазарните параметри. Информацијата за откупната вредност се соопштува во рок од 24 часа.

 

3. Откуп на возило  - доколку се согласат двете страни. Во случај на договор за откуп,клиентот остварува право за враќање на средствата за преглед на возилото.

За да возилото стане предмет на откуп потребно е да се исполнат неколку услови:

 

Проценката на вашето возило можете да ја закажете преку овој линк или со јавување на телефонскиот број 02/ 30 88 880

Тојота Авто Центар, го задржува правото да не го откупи понуденото возило, доколку не се исполнети некои од наведените услови, работната политика на компанијата или некоја трета причина.