x
x
 
 

Хибриднината пристигна

Пионерските чекори и успешната еволуција ја доведоа Toyota на лидерската позиција во хибридната мобилност

Кога една автомобилска групација продава повеќе од 10 милиони автомобили за само една година, се наметнува прашањето постои ли нешто што може да предизвика поголема гордост и задоволство во семејството на Toyota? Одговорот е позитивен, а решението е хибридната револуција која јапонскиот гигант ја започна пред повеќе од две децении и со која денеска со право може да се истакнува пред конкуренцијата.

Почнувајќи со пионерот Prius во 1997 година, Toyota постојано ја надградува и подобрува својата хибридна понуда, а покрај технолошкиот развој кој ги подобрува карактеристиките, економичноста и перформансите, на сцената беа исфрлени и нови модели кои дополнително го привлекоа интересот на купувачите. Класикот Prius доби поддршка во речиси секој сегмент, па Toyota им овозможува поеколошки избор и хибридна технологија на возачите започнувајќи од малиот Yaris, па сè до SUV гордоста RAV4, чија хибридна изведба стекна сериозна популарност на европските пазари, вклучувајќи го и македонскиот.

И додека Toyota ја ситни 21-та година од својата хибридна офанзива, бројките велат дека досега се продадени речиси 11,5 милиони хибриди со логото на јапонскиот бренд, а само во 2017 година се продадени над 1,5 милион хибридни изведби. Тоа е уште еден доказ за трендот кој навестува уште поголем пазарен удел на хибридите, кои реално обезбедуваат наједноставен и најфункционален начин за трансфер меѓу возачите на автомобили со алтернативен погон кои се грижат и за животната средина.

Статистиката вели дека благодарение на хибридните модели на Toyota изминатите две децении, заштедени се околу 30 милијарди литри гориво, додека CO2 емисијата е помала за 85 милиони тони. Бројките импресионираат и недвосмислено наведуваат на заклучокот дека хибридите стануваат логичен избор бидејќи овозможуваат многу бенефиции на долг рок. Гаранција за ова се речиси 12 милиони задоволни купувачи.

БЕНЗИНЕЦ СО ЕТКИНСОНОВ ЦИКЛУС

Срцето на хибридниот погон е бензинскиот мотор со еткинсонов циклус. Неговата специфичност е во помалото загревање и подобрите перформанси при средни и високи вртежи, со што овозможува поголема ефикасност во однос на класичните бензинци.

БЕНЗИНСКИ МОТОР

Моќноста на класичниот бензински мотор со четири цилиндри варира во однос на моделот, но неговата задача е да обезбеди најдобри перформанси и економичност при средни и високи вртежи.

ЕЛЕКТРО МОТОР

Постојаните подобрувања и намалената тежина влијаат позитивно врз и онака благородниот карактер на овој елемент. Во градски услови, хибридните модели често се возат исклучиво со активиран електро мотор, кој овозможува бесшумно, еко-френдли и релаксирано возење.

БАТЕРИЈА

Литиум-јон и никел-метал батериите доаѓаат во помал и полесен пакет, што влијае позитивно на возните карактеристики и просторот за патниците и багажот.

КАКО ФУНКЦИОНИРА ХИБРИДНИОТ ПОГОН?

Главни актери во хибридниот погон на Toyota се бензинскиот мотор со еткинсонов циклус, електро мотор и батерија. Идеалната комуникација меѓу трите елементи вади максимум од погонот, а возачот добива релаксирано возење и посакувана економичност и перформанси во секој момент.

ХИБРИДНИОТ ПОГОН ВО ЧЕТИРИ ФАЗИ

ТРГНУВАЊЕ

Автомобилот го започнува движењето со помош на електро моторот

ВОЗЕЊЕ

Хибридниот систем ги синхронизира трите извори на енергија во секој момент

ПОГОЛЕМО ЗАБРЗУВАЊЕ

Класичниот и електро моторот работат истовремено

НАМАЛУВАЊЕ НА БРЗИНАТА

Полнење на батеријата

Тајните на хибридниот погон

Pецептот на Toyota постојано е надградуван за да испорачува што подобри резултати. Елементите на хибридниот погон се основа на дводеценискиот успех

Втората генерација на хибридниот систем на Toyota дебитираше со последното издание на легендарниот Prius, за денеска да претставува основа на она што јапонскиот бренд го промовира овој модел во над 90 земји во светот. Комбинацијата на класичен бензински мотор и електро мотор го придвижува автомобилот, нивната искористеност е диктирана од моменталните потреби, а тие истовремено ослободуваат и енергија која завршува и во батеријата. Електро моторот го придвижува хибридниот автомобил при ниски вртежи, посебно корисна опција при градско возење каде има чести застанувања и ретко има потреба од поголема брзина.

Во тие моменти не се користи класичниот мотор со внатрешно согорување, кој се активира при повисоки вртежи, со што се добиваат посакуваните перформанси и не се чувствува разлика во однос на автомобилите со класичен бензински мотор. Истовремено, хибридниот погон користи и дел од регенерираната енергија, што дополнително влијае на помалата потрошувачка на гориво, а се совпаѓа со амбициите на основниот концепт за хибридниот погон.

Главната цел на хибридите на Toyota е да избегнат користење на гориво во секоја можна ситуација, а тоа во практика значи активирање на моторот, тргнување од паркинг позицијата и дисциплинирано возење до одредена брзина само на електричен погон и без емисија на штетни гасови и бучава. При поголема брзина, двата мотора работат паралелно, но без да го ангажираат возачот, кој сепак, постојано има увид во ангажираноста на елементите на хибридната конфигурација. Возачот повторно може да влезе во „еко зоната“ со задржување на брзината на движење и без непотребно дополнително притискање на педалот за гас.

Интелигентниот хибриден погон го деактивира бензинскиот мотор во секоја можна ситуација и посебно по намалувањето на брзината, а ја регенерира и кинетичката енергија која се произведува при активирањето на сопирачките.

Адаптација на режим на возење

Хибридниот систем на Toyota ја користи напредната технологија за перфектно да се адаптира на условите, притоа комбинирајќи ги изворите на енергија на начин кој ќе обезбеди помала потрошувачка.

Основниот режим на возење подразбира најефикасно користење на енергијата од класичниот и електро моторот, но возачот има и опции. Изборот на „Eco“ режимот адаптира неколку елементи во насока на штедење енергија, „Power“ подразбира динамично возење, а тука е и „EV“ опцијата која значи возење исклучиво на електричен погон и може да се користи при паркирање и при движење со помали брзини.

Електро моторот го придвижува хибридниот автомобил при ниски вртежи, посебно корисна опција при градско возење каде има чести застанувања и ретка потреба од поголема брзина

МАГИЈАТА НА ЕЛЕКТРИЧНИОТ ПОГОН

Резервоарот во кој хибридниот погон сместува одредена количина на енергија може да биде никел-метал или литиум-јонска батерија. Претходно складираната енергија се испорачува до погонската единица, а возачот нема обврска за полнење на батеријата во ниту еден момент, што е и важна разлика во однос на останатите алтернативни погони.

БЕЗ ПРИКЛУЧОЦИ И ПОЛНЕЊА

Хибридниот погон на Toyota подразбира релаксирани моменти во секојдневното користење на моделите на јапонскиот бренд. Иако батеријата е дел од погонот, тоа исклучува било какво полнење или потреба од приклучок за електрична енергија.

ХИБРИДНА ДИСЦИПЛИНА

Совет:
Користете го педалот
за гас нежно

Тргнување:
Користење исклучиво на електро моторо

Совет:
Останете во
ЕКО зоната

Возење:
Погонот ги комбинира сите извори на енергија

Совет:
Постигнете ја саканата
брзина и одржувајте ја

Поголемо забрзување:
Класичниот и електро моторот го обезбедуваат интензитетoт

Совет:
Кочете нежно
и навремено

Запирање:
Батеријата се полни за следниот предизвик