Соопштение за медиуми

Скопје, 01 февруари, 2010 г.


ТОЈОТА МОТОР ЕВРОПА најави превентивна сервисна кампања во Европа

Тојота Мотор Европа најави специјализирана сервисна кампања за 8 модела на Тојота во Европа, за да се отстрани потенцијалниот проблем со педалот за забрзување. Засегнатите модели и производствени периоди се следни:

AYGO
IQ
YARIS
AURIS
COROLLA
VERSO
AVENSIS
RAV4
(февруари 2005 – август 2009)
(ноември 2008 – ноември 2009)
(ноември 2005 – септември 2009)
(октомври 2006 – јануари 2010)
(октомври 2006 – декември 2009)
(февруари 2009 – јануари 2010)
(ноември 2008 – декември 2009)
(ноември 2005 – ноември 2009)

Точниот број засегнати автомобили сеуште се проценува, но може да достигне до 1.8 милиони. Не се засегнати други модели на Тојота, ниту на Лексус.

“Политиката на Тојота е да го постави клиентот на прво место” изјави Тадаши Арашима, Претседател и Главен Извршен Директор на Тојота Мотор Европа. “Ние разбираме дека настанатата ситуација создава неспокојство и длабоко жалиме за тоа. Исто така сакаме да ги увериме нашите клиенти: потенцијалниот проблем со педалата за забрзување се проверува само во исклучително ретки случаи. Оваа кампања е превентивна мерка чија цел е да гарантира највисоки стандарди за сигурност на сите наши клиенти.”

Кај засегнатите модели постои можност одредени механизми на педалата за забрзување, во ретки случаи, механички да застанат во полу-натисната положба или да се врати бавно во првичната позиција.

Причината за тоа е поголем степен на абење (трошење) на механизмот од педалата за забрзување. Тоа абење комбинирано со одредени климатски и услови на експолоатација може да предизвика зголемено триење во механизмот, кое во ретки случаи може да доведе до: потешко натиснување на педалот, побавно враќање  или во најлош случај, заглавување во полу-натисната положба.

Тојота има решение како да се справи со овој проблем и во моментов подготвува финална процедура по која ќе се постапува. Веднаш штом процедурата ќе биде одобрена, Тојота ќе им се обрати на своите клиенти чии возила се во групата за проверка.

Веќе е направена промена во производството, се вградуваат нови делови, на сите модели кои се произведуваат во Европа, како дел од политиката на Тојота за постојано подобрување на квалитетот. Затоа нема нужда да се стопира производството во Европа.

Мал е бројот на пријавени дефекти во Европа и Тојота Мотор Европа не е известена за инциденти кои се случиле како резултат на настанатиот проблем со механизмот за гас.

Тојота ги прави сите напори да одговори на своите клиенти за настанатата ситуација што е можно побрзо.

Иако, опишаниот проблем погоре е редок, Тојота ги советува своите клиенти кои се загрижени да се јават во најблискиот Тојота салон за информации за претстојната специјализирана сервисна кампања.

Лице за контакт:
Горан Садикаријо
Маркетинг Менаџер
Е-маил: goran.sadikarijo@toyota.com.mk
Тел: 075 364 840

 

<<< назад

 
 
developed by ImaginativeAdvertising