x
x

TOYOTA COROLLA наполни 50 години!

Додека Русија и Америка се натпреваруваа во епската вселенска битка и фановите на Битлси со нетрпение го очекуваа следниот нов хит Toyota го испишуваше сопственото историско лансирање во 1966 година – новата Corolla! Денес со продадени над 44 милиони возила ширум светот, Corolla го слави својот 50-ти роденден.

Со име кое асоцира на прстенот на ливчиња поредени околу центарот на цветот, моделот Corolla беше зачнат во времето на рапиден технолошки раст на Јапонија во средина на 60-тите години од минатиот век.

Како потврда на влијанието кое Corolla го остави за изминатите 50 години, производството се одвива во 15 фабрики на Toyota низ целиот свет, се продава во повеќе од 150 држави и региони или претставено во бројки, секоја петта продадена Toyota во 80 годишната историја на фабриката е токму од моделот Corolla.

Уживајќи во богатата историја исполнета со технолошки, дизајнерски и квалитативен напредок, моделот Corolla остана посветен на оргиналниот концепт ориентиран кон очекувањата и потребите на верните клиенти, нудејќи им возила со кои можат да уживаат низ целиот свет.

Легендата е подготвена да живее уште долго во иднината. Ви ја претставуваме новата Corolla!

Дизајн

Технологија

50 години наследство

Избор на боја

Pure White

Опрема

Ниво на опрема TERRA

  • Анти-блокирачки сопирачки систем со Електронска распределба на силата на сопирање и Систем за помош при нагло сопирање (ABS+EBD+BA)
  • Систем за контрола на стабилноста на возилото во свиоци (VSC)
  • Систем за помош при тргнување по нагорнина (HAC)
  • Систем за предупредување на низок притисок на воздух во пневматиците
  • Предни воздушни перничиња за возач и совозач (со можност за деактивација на совозачкото)
  • Воздушно перниче за заштита на колената кај возачот
  • Странични воздушни торакални перничиња напред
  • Странични воздушни завеси за глава напред и назад
  • Пиротехнички заштитни ремени со автоматско зајакнување на оптеретувањето и регулирање по височина (за предните седишта)
  • Заштитни ремени со поврзување во три точки и кај задните седишта
  • Предни седишта со заштита од повредите на рамениот дел (при мали брзини)
  • Висинска регулација на потпирачите за глава на сите седишта
  • Isofix стандард за прицврстување на детски седишта
  • Клима уред со мануелно прилагодување
  • Централeн панел на инструменталната табла чувствителна на допир
  • Централно заклучување со далечинска команда
  • Предни стакла со електрична регулација
  • Инфо LCD екран
  • Хромирана предна решетка и браници во боја на каросерија
  • Греење на задното стакло и вградена радио антена
  • Електрични греени странични ретровизори
  • Вградени трепкачи во страничните ретровизори
  • Деллив (60:40) и преклоплив потпирач за грб на задни седишта
  • Предни и задни дискови сопирачки (предните - вентилирани)
  • Стоп светла, пулсирачки при нагло сопирање
  • Халогени предни светла со функција "Follow me home"
  • Телескопски волан со прогресивно електрично серво-асистенција
  • Bluetooth® поврзување со мобилни телефони за разговор со слободни раце "Hands free"
  • Контроли на волан за аудио системот
  • Радио-CD со 4 звучници
  • CD-плеер со MP3 и WMA (Windows Media Audio) поддршка
  • Aux in + USB приклучок
  • 15" челични тркала со пневматици 195/65R15 со раткапни
  • Имобилајзер
  • Прилагодување на волан со висина и длабочина (телескопски)

Ниво на опрема LUNA

повеќе од TERRA

  • Светла за магла
  • Челични 16" бандаши со декоративни раткапни и пневматици 205/55R16
  • 4,2” TFT повеќе информативен екран
  • Мултимедијален систем Toyota Touch 2 со 7" екран чувствителен на допир и 2 дополнителни звучници
  • Автоматски двозонски клима уред со дигитален приказ
  • Хромирани прстени на инструментите и вентилациските отвори
  • Волан и рачна кочница обложени со кожа и хром декор
  • Штитник за сонце за возач и сопатник со огледало и осветление
  • Заден потпирач за раце со држач за чаши
  • Задна камера за помош при паркирање со визуелен приказ на 7" екран
  • Задни електрични стакла
  • Еден приклучок 12V на централната конзола и уште еден на задниот дел од предниот потпирач за раце

Спецификации

Corolla 2016 Specifikacii

 

Технички карактеристики 1.33 Dual VVT-I
M/T
1.6 Valvematic
M/T
1.6 Valvematic
CVT
1.4 D-4D
6M/T
Зафатнина на моторот cmᶾ 1329 1598 1598 1364
Максимална моќност KS/врт/мин 99 / 6000 132 / 6400 132 / 6400 90 / 3800
Максимален вртежен момент Nm/врт/мин 128 / 3800 160 / 4400 160 / 4400 205 / 1800-2800
Трансмисија   6-степена мануелна 6-степена мануелна Автоматска безстепена 6-степена мануелна
Максимална брзина км / ч 180 200 180 180
Забрзување (0 - 100 km/h) секунди 12,6 10 11,1 12,5
Потрошувачка - комбинирана л / 100км 5,6 6 5,6 4
Емисија CO2 (комбиниран циклус) г / км 129 139 129 104
Еколошка норма   Euro 6 Euro 6 Euro 6 Euro 6

Галерија