Toyota на врвот на листата нај доверливи во 2009 година.
Toyota е далеку најуспешна марка ва возила според TÜV извештајот за 2009 година, а кој е објавен на почетокот на 2010 година. Во истражувањето се опфатени преку 200 возила категоризирани во 5 старосни групи (2-3 години; 4-5 години; 6-7 години; 8-9 години; 10-11 години). Истражувањето е спроведено на примерок од 7,5 милиони возила од јули 2008 до јуни 2009 година.
Во долниот дијаграм прикажани се бројот на возилата од најдобите 10 во сите старосни групи по производител.
Проверени се вкупно 6 возила од марката Toyota, во сите старосни групи, од кои дури 15 Toyota модели се најдоа во 10-те најдобри – далеку повеќе од било кој друг производител.
Известувањето ги опфаќа предностите и слабостите на нај популарните и нај продаваните модели во Германија и се користи како основа кај куповачите на користени возила во соработка со Авто Билд.
Единствениот критериум на оценување според TÜV е техничката исправност на возилата (TÜV – станица за сите технички преглеги во Германија) дефинирана според Правилникот за прометот на патиштата.
Истражувани се следните елемени: шасија, исправност на светлата, издувни гасови, корозија, кочници и влијанието на околината.
Број на возила во најдобрите 10 за сите старосни групи:
Лице за контакт:
Горан Садикаријо
Маркетинг Менаџер
Е-маил: goran.sadikarijo@toyota.com.mk
Тел: 075 364 840
<<< назад