x
x

Пријатели на Toyota, Ви благодариме што сте на нашата веб страна.

Ќе се потрудиме од Вашата посета да создадеме идеален почеток на долготрајно пријателство.

Нашите заеднички пасии ќе бидат квалитетот и довербата.

Би сакале да Ви ја претставиме нашата филозофија и да Ве водиме до изборот на возилото од Вашите соништа.

Toyota Авто Центар е многу повеќе од едноставен салон за автомобилите на Toyota. Целиот свет Toyota е овде токму за Ваше задоволство.

Од тие причини креиравме целосен спектар на квалитетна услуга за да ги за да ги задоволиме сите Ваши потреби.

Но, не запираме тука...

Ние и после Вашата посета ќе продолжиме да слушаме, да дискутираме и да работиме секојдневно, за да бидеме уште подобри и покреативни.

 

Нашите вредности

Се услугата, квалитетот, комуникацијата, грижата и сигурноста кои всушност претставуваат јадро на нашата филозофија.

Во 2012 година успехот во работењето на Toyota Авто Центар беше награден со добивање и воведување на три интернационаолни стандарди во своето работење:

DNV GL

ISO 9001:2008
Систем за управување со квалитет

ISO 14001:2004
Систем за управување со животна средина

OHSAS 18001:2007
Систем за управување со заштита на здравје и безбедност при работа

 


УСЛУГА

Вашите потреби се наш приоритет!

КВАЛИТЕТ

Имаме заедничка пасија за перфекција!

КОМУНИКАЦИЈА

Вие сте нашето секојдневно задоволство !

ГРИЖА

Затоа што Вие тоа го заслужувате !

СИГУРНОСТ

Тоа е основа на нашиот високо-професионален
однос со Вас!

 

 

Луѓето на Toyota Авто Центар

Нашиот искусен тим се специјалисти, кои се авторизирани и континуирано образувани со една цел : Вашето апсолутно и некомпромисно задоволство.

Нашите луѓе во секој миг можат да бидат и Ваши советници на секоја тема поврзана со Вашето возило. Секогаш се подготвени да ја објаснат нашата филозофија , водејќи Ве до изборот на возилото од соништата.

Тие ќе Ви ги покажат новите начини како да стигнете до посакуваниот автомобил и ќе Ве советуваат за замената или продажбата на Вашето користено возило.

Тие ќе Ви помогнат да ги согледате предостите на финансирањето , ќе Ве информираат за иновативните финансиски програми и ќе Ви понудат осигурителни програми скроени за Вашите индивидуални потреби.

Едноставно речено,

нашите луѓе се тие кои можете да им верувате...

Нашите луѓе се Ваши луѓе !

 

Нашата локација

Во нашиот центар можете да најдете:

Секое Ваше доаѓање го оживува искуството и чувството на комплетно различна димензија при купување возило.

Нашите луѓе Ве очекуваат да Ви посакаат добредојде и секогаш да Ве услужат со насмевка.

Релаксирајте се додека пиете кафе чекајќи го Вашиот автомобил.

Ослободете се од доцнењата и бирократските процедури.

Доживејте ја гостопримливоста на Toyota, на начин кој само Toyota Авто Центар може да Ви ја понуди.

 

Нашата услуга

Соочувајќи се со секојдневните екстремни побарувања на секој клиент, луѓето од Toyota Авто Центар креираат екстремно конкурентна услуга, со цел секому да му ги задоволи потребите за :

 

Ве очекуваме и се радуваме на Вашата посета !