Новиот Yaris. Најпаметен во својата класа.
Лансирањето на третата генерација на Yaris е отварање на ново поглавје во успешната приказна за моделот во Европа. Новиот Yaris со себе ги понесе сите придобивки од претходните генерации овојпат надополнувајќи се со поспортски дизајн и напредни технолошки решенија. Тој е компактен и самоуверен, исклучително снаодлив и преполн со генијални новитети кои ќе го направат вашиот живот поубав. Едноставно, нашиот мал генијалец е најпаметниот Yaris до сега.
А затоа што го носи знакот на Toyota, новиот Yaris е направен по највисоките стандарди за квалитет и безбедност.
Тој е компактен и генијален градски автомобил. Елегантен и агилен, Yaris има пространа и удобна кабина, со технологија која е едноставна за користење. Тоа вклучува камера за помош при паркирање како и Toyota Touch & Go, нов систем на Toyota со екран осетлив на допир, навигација, разновидни апликации и пристап на интернет. Оваа напредна технологија ги сведува на минимум вашите трошоци, потрошувачка на гориво и CO2 емисија.


















