toyota-facebook
Loading...

Ултимативно ЕКО-Возило

Стратегијата на Toyota е континуирано и на долги стази да работи на развивање на зелени возила  и нови алтернативни технологии кои што на крајот ќе се доведат до ултимативно еко-возило кое призведува нула штетни емисии и нема негативно влијание на човековата околина

Фосилните горива се ограничени ресурси и имаат негативно влијание кон човековата околина.  Изворите на енергија се менуваат што е предизвик и технологиите да ги адаптираме.

Земајќи ги во предвид горе наведените нешта, фокусирани сме на развивање на технологии кои ефективно ќе ги користат ресурсите како ел енергија, биогорива и водород.
Една од нај ефективните технологиии за намалување на штетните гасови е хибридната технологија, која овозможува комбинирање на различни извори на енергија на начин при што се добива максимален ефект.

ekologija-slika2.png

Нашиот пристап се идентификува на начин кој ги задоволува потребите на нашите клиенти воедно и да им понуди оптимални технолошки солуции.

ekologija-slika1.png

Возилата поставени во зелениот дел се хибридни возила кои ја претставуваат главната технологија на 21 век и воедно најавуваат масовна комерцијализација на модели кои ќе бидат базирани на хибриден погон.

На десната страна во плаво може да се видат возилата на горивни келии комбинирани со хибридна технологија како на пример Toyota FCHV. На левата страна се електриччните возила кои се проектирани за кратки релации но се движат исклучиво на ел погон.

Сите прикажани возила не движат чекор поблизу до ултимативното ЕКО-возило. Визијата која си ја зададовме е амбициозна, но се додека работиме на неа сите технолошки иновации ќе ги претставуваме денеска, за да ги подобриме сегашните возила