Toyota е лидер во производство на квалитетни возила веќе
втора година по ред - признание од страна на германскиот TÜV
Toyota веќе втора година по ред ја добива Златната TÜV награда благодарејќи на исклучителните резултати остварени во извештајот на TÜV за 2012 година. Во најновиот извештај на оваа водечка германска агенција за техничко истражување, не помалку од 18 модели на Toyota заземаа место во “Top 10” (во пет категории на возила по старост). Обраќајки се на свеченоста за доделување на наградата ,претседателот на Toyota Deutschland GmbH Toshiaki Yasuda рече : “Наградата Златен TÜV е признание на фактот дека на нашите купувачи им нудиме возила со највисок квалитет и доверливост.”
Toyota Prius е лидер во најмладата категорија во извештајот на возила со старост од 2-3 години, со само 1,9 % на тестираните модели кои покажале било каков дефект. Најновиот резултат покажал смалување на бројот на дефектите кај Prius за 2,2 % , за разлика од извештајот од 2011 година. Во истата категорија Toyota Auris го зазема второто место.
Успехот на Toyota во овогодинешниот TÜV извештај не го покажува квалитетот само на одделни модели, туку го прикажува и квалитетот на потполно хибридната технологија на Toyota. Toyota ќе продолжи со воведување на докажаната хибридна технологија во својата палета на возила, со тоа што хибридната технологија ќе биде вградувана во повеќе возила на Toyota во блиска иднина.

Актуелно
- TÜV - Toyota е лидер во производство на квалитетни возила веќе втора година по ред
- Тојота е лидер во индустријата со најнизок просек на емисија на (CO2) во Европа
- Toyota и Lexus на врвот на листата при избор на возила за флотни продажби за 2011 година
- Toyota GT 86 - Passion is back !!!
- Toyota ќе претстави уред за домашно полнење на Plug-in и електричните возила
- Тојота и Интел
- Toyota Pro Tect - High-Tech заштитен слој сега достапен за нови и користени возила на Toyota во Европа
- TOYOTA – “Најзелен” производител за 2011
- Toyota Touch Life - прв производ во светот кој го покажува екранот на паметните мобилни телефони во автомобилот
- Toyota лансира револуционерна игра на Facebook (Social Network Racer)
- Два милони Јарис возила произведени во фабриката во Франција
- TOYOTA најдобар автомобилски бренд за 2011
- KU:RIN - Возило од соништата
- TOYOTA е прва асоцијација за електромобилност, истражување спроведено од страна на TÜV.
- Мини партнер за макси добивка - AYGO Van 1.0 VVT-i
- TOYOTA и LEXUS на врвот на листата за најеколошки возила во Германија
- TOYOTA е број еден според Global Green Brands Report
- Тојота отвора нов прозорец кон светот !!!
- Toyota Motor Europe го отвори својот нов полигон за тестирање во Техничкиот центар во Завентем, Белгија
- Тојота 'Зелен месец'
- Елена Ристеска - Driven by Auris
- SPA третман за вашата TOYOTA
- Toyota Auris Hybrid е прогласен за “Возило на иднината”
- Саем на автомобили во Женева 2011
- Toyota stickerfix













