toyota-facebook

Toyota Touch Life- прв производ во светот кој го покажува
екранот на паметните мобилни телефони во автомобилот

Toyota ја претставува најновата верзија на Toyota Touch системот за забава и информирање- комплетно новиот Toyota Touch Life. Истиот на купувачите ќе им понуди невидена можност на поврзување на мобилниот телефон со возилото. Toyota Touch Life системотќе биде достапен на Toyota IQ до крајот на 2011 година на одредени пазари. Toyota Touch Life користи најнова технологија на поврзување на екранот на паметните телефони со 7 “ екран осетлив на допир сместен во возиото. До функциите на паметните телефони сега лесно може да се стигне преку контролите на управувачот или големиот екран осетлив на допир.

Сопствениците на Nokia паметните телефони можат многу едноставно да ги поврзаат своите уреди со Toyota Touch Life системот со помош на новата технологија за поврзување MirrorLink, која е развиена од страна на конзорциумот Car Connectivity. Ова е прва употреба на оваа технологија во автомобилската индустрија.

Покрај тоа, корисниците на Nokia паметните телефони исто така ќе можат да ја користат и посебно развиената апликација “Nokia Car Mode”.Графички кориснички интерфејс  (GUI) кој е едноставен за користење , им овозможува на возачите да дојдат само до најосновните функции на паметниот телефон кои не го одвлекуваат вниманието додека возилото е во движење. Nokia Car Mode апликацијата , со поддршка за Miror Link може да се превземе од Nokia Store на уредите опремени со Symbian Belle оперативниот систем. Додека возилото е во мирување , Toyota Touch Life овозможува  возачите и патниците да пристапат до сите функции на нивните телефони преку екранот осетлив на допир вграден во самото возило. Екранот не ги подржува само основните функции од типот “насочи и допри” туку и помрднување и вртење со помош на прстите.

Корисниците на Apple iPhone-ите може да ја превземат бесплатната Aplication Launcher апликација од  App Store како би можеле да ги поврзаат своите уреди со Toyota Touch Life системот. Aplication Launcher апликацијата им нуди на возачот и патниците пристап до различни апликации преку екранот во возилото, вклучувајќи и Garmin Street Pilot апликацијата, интернет радио , апликации за вести, како и друштвени мрежи од типот на Facebook и Twitter преку вграден интерфејс.

Комплетно аудио-визуелно поврзување на Apple iPod е исто така стандардна карактеристика на Toyota Touch Life системот, што на корисниците им дава полн пристап до нивната музичка и видео колекција, било преку контролите на управувачот или копчињата на системот за информации и забава.

Поврзувањето на паметните телефони и возилата преку Toyota Touch Life системот ќе се прошири кога и другите компании кои произведуваат мобилни телефони ќе почнат да го користат Mirror Link индустрискиот стандард.

Toyota Touch Life е најновиот член на семејството Toyota Touch производи за информации и забава, и има за цел на широкиот круг на купувачи да им понуди ново ниво на поврзување и мултимедиално искуство во возилото. Toyota Touch & Go неодамна е претставен на Toyota Yaris, Hilux и Verso-S моделите. Toyota Touch уредите за информации и забава многу наскоро ќе бидат проширени со Toyota Touch & Go Plus системот, кој ќе ја има својата премиера во Toyota Avensis , Prius  и Verso , како и Toyota Touch Pro системот за Toyota Prius.

touch-life.jpg

Актуелно