toyota-facebook
Loading...

Toyota Pro Tect - High-Tech заштитен слој сега достапен за нови
и користени возила на Toyota во Европа

 

Toyota Motor Europe (ТМЕ) неодамна го претстави својот најнов производ  Toyota ProTect, кој им нуди на клиентите незаменлива заштита на нивното возило со поставување на заштитен слој врз надворешната боја на возилото, внатрешните ткаенини и алуминиумските тркала. Најновиот производ од палетата за нега на Toyota возилата, кој е наменет за професионална употреба, нуди  пет годишна  високо квалитетна заштита со само едно нанесување за нови и користени возила на Toyota.

Toyota ProTect е составен од три одделни производи за заштита на различни делови на возилото:

Long Life Body Protector- кој не е ниту восок ниту полимерен изолатор, туку високо напредно технолошко решение ( silicium-based)  кој формира молекуларна врска со површината на возилото, спротивставувајќи се на негативните ефекти од загадувањето, времето, сообраќајот, животните и многу повеќе.

toyota-protect-1.jpg

Alloy Wheel Protector-  прашината која се создава при сопирање,која може да достигне температура и до 400 ° C, не им може ништо на алуминиумските тркала заштитени со овој производ, дозволувајќи било каков остаток од прав да се измие  само со вода.

toyota-protect-2.jpg

Fabric Protector – базиран на polytetrafluoroethylene, производот може да се употреби за внатрешни ткаенини ( но не на кожа или пластика) нудејќи заштита од секојдневната нечистотија, овозможувајќи им на корисниците да ја избришат ткаенината без оставање на дамки.

toyota-protect-3.jpg

Развиен, тестиран и одобрен како Toyota Genuine Accessories во Јапонија од Toyota Motor Corporation  и нивниот долгогодишен партнер од областа на хемиската индустрија, ThreeBond Co.Ltd Јапонија, технологијата која се користи кај овој производ е за првпат развиена од страна на NASA, користејќи го истиот производ како заштитен механизам за сателитите. Продажбата на производот во Јапонија и Тајван била многу успешна, надевајќи се на идентичен успех и на европскиот пазар.

Чистењето на автомобилот станува толку едноставно како “прошетка во парк”, откако тoa е заштитенo со Toyota ProTect. Едноставно измијте го возилото на најстандардниот начин , и загарантирано нема да имате потреба од користење на заштитен восок во наредните 5 години.

Toyota ProTect сега е достапен во сите продажни и пост продажни центри на Toyota, како дел од пакетот за заштита на нови и користени Toyota возила. Цените варираат за сите три заштитни третмани во зависност од големината на возилото. Клиентите се поканети да ги исконтактираат нивните Toyota центри за повеќе информации. Toyota ProTect,е исто така одобрен и за возилата на Lexus.

 

Актуелно