toyota-facebook

Тoyota на врвот на листата нај доверливи возила според TUV за 2011

tuv-raport-2011.jpg

Вкупно 17 модели на Toyota се во категоријата на ТОП 10

Prius е победник во старосната категорија од две до три години со индекс на расипливост од само 2,2 %

Auris го освои второто место во старосната категорија од две до три години со индекс на расипливост само 2,3%

Rav4, Verso, Avensis, Yaris , Corolla се во категоријата ТОП 10

Според извештајот на Auto Bild TUV за 2011 год, вкупно 17 модели на Toyota се најдоа во категоријата ТОП 10 и тоа со дури 8 модели во 5 старосни групи на возила ( 2-3, 4-5, 6-7, 8-9, 10-11 старосни години). Toyota е според ова истражување највисоко позициониран производител на автомобили.

Истражувањето ги опфаќа предностите и слабостите на нај популарните и нај продаваните модели во Германија и се користи како водич кај купувачите на нови или користени возила.

Единствениот критериум за оценување според TUV е техничката исправност на возилата (TUV – станица за технички прегледи во Германија)

Одличните резултати на Toyota и оваа година во секоја старосна категорија укажуваат на квалитетот на брендот и го потврдуваат целот на Toyota  кон изработка на нај квалитетни возила во светот.

tuv-2011.png

За повеќе информации одете на ликот http://www.vdtuev.de/presse/pm/tuv-report-2011-die-zukunft-gewinnt