toyota-facebook

Toyota Motor Europe (TME) го отвори својот нов полигон
за тестирање во Техничкиот центар во Завентем, Белгија

Изградбата на најмодерниот центар за тестирање во Zaventem, направен со цел за подобрување на истражувањето и развој на продажбата на Тојота во Европа, траеше две и пол години. Во овој најнов објект е инвестирано 47.000.000 € и на најдобар начин ја илустрира долгорочната посветеност на Тојота кон Европа .

Стивен Vanackere, заменик-премиер и министер за надворешни работи на Белгија, на отворањето на полигон за тестирање рече: "Иднината на нашата економија лежи во способноста секогаш да се инвестира во себе. Овој полигон кој денес го отвараме е добар пример за тоа. Тој е резултат на технолошки иновации, кои служат на заедницата. Безбедноста на патиштата е врвен приоритет, и Тојота во овој проект силно придонесува за тоа. Покрај тоа, изградбата на полигонот е направена на многу еколошки начин. Овој проект докажува дека сепак се исплатеше нашата отворена бизнис атмосфера, која многу ја ценат странските, а посебно јапонските компании. Како министер за надворешни работи, со големо задоволство сакам да напоменам дека економските односи меѓу Јапонија и Белгија  се подобри од било кога. "

Новиот полигон за тестирање на Zaventem ќе има значајна улога во развојот на возилата на Тојота наменети за Европскиот пазар, како дел од долгорочната визија на компанијата да стане глобален развоен центар на Тојота во сегментот на мали и компактни автомобили. Полигонот за тестирање опфаќа  вкупно 65.000 m² од 187,000 m² колку што опфаќа целиот технички центар. Во овој центар во моментов се вработени  770 лица, од кои 430 работат на истражување и развој. Досега во Тојота Техничкиот центар се инвестирани 167 милиони €, вклучувајќи ја и најновата инвестиција од 47.000.000 € за купување и изградба на новиот полигон за тестирање.

Дидие Лероа, претседател и извршен директор на Тојота Моторс Европа, рече: "Европскиот автомобилски пазар е еден  од најконкурентните во светот и нашиот Технички центар е една од најважните инвестиции во глобалната структура за истражување и развој на Тојота. Благодарение на новиот полигон за тестирање, ние ќе ги искористиме нашите објекти како лабораторија за иновации, на многу побрз и поефикасен начин, така што ќе создадеме соодветен автомобил за нашите европски клиенти, токму тука, во срцето на Европа. "

Освен патеката за тестирање која е долга 1,4 километри, овој повеќенаменски полигон , исто така има кружна патека за тестирање на пролизгувањето на возилата со  дијаметар од 90 метри, нерамна патека, патека за тестирање на бучава и патека за тестирање на сопирачките. Овој објект им овозможува на  инженерите на Тојота широка палета на тестови, како што се: удобност, бучава и вибрации ,тестирање на цврстината на возилото, однесување на возилото во свиоци, испитување на перформансите на моторот и сопирачките. Наоѓајки се  во близина на главните работилници и канцелариите на Техничкиот центар, полигонот за тестирање ќе овозможи возилата да се тестираат на лице место. Овој полигон  за тестирање ќе обезбеди побрз одговор на побарувачката на пазарот и ќе овозможи ефикасна проценка на возилото.

Во текот на изградбата на полигонот за тестирање, негативното влијание врз животната средина е сведено на минимум. Во текот на проектот, околу 98% од уништениот материјал (приближно 36.000 тони) беа рециклирани на самото место. Елементите во окружувањето на полигонот за тестирање беа избрани да се вклопат во животната средина. Направена е и детална студија на бучава, за да се осигура дека не постои влијание на непосредната околина.

toyota-centar-zaventem-belgoija.jpg

Актуелно