x
x

TOYOTA ХИБРИДОПЕДИЈА

ЗОШТО ХИБРИД ?

Технологијата на автомобилските мотори  не е променета уште од крајот на 19-тиот век. Фосилните горива придвижуваат милијарди автомобили, и нивниот број многу брзо расте. Се потешко достапните горива се вистинско оптеретување за животната средина. Сообраќајот го намалува квалитетот на животот во густо населените места. Автомобилите се причина за испуштање на 4 милијарди тони CO2 во годината. Европа учествува со 12 %. Состојбата станува алармантна !

 

ШТО МОЖЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ?

 

 

TOYOTA HYBRID. ЗА ИДНИНАТА НА ЧОВЕШТВОТО И ПЛАНЕТАТА.

Хибридните автомобили на TOYOTA ги поврзуваат добрите возни карактеристики, сигурноста за заштита на животната средина и грижата за идните генерации.

 

 

 

 

TOYOTA HYBRID. ЗА ЗЕЛЕНА МОБИЛНОСТ.

 

 

ХИБРИДНИТЕ ВОЗИЛА НА TOYOTA НИЗ ВРЕМЕТО

 

ПЕТ МИТОВИ ЗА ХИБРИДНИТЕ ВОЗИЛА

Мит бр. 1 - Хибридите се расипливи !

Хибридните автомобили на TOYOTA функционираат многу едноставно. Дури 96 % од хибридните автомобили на TOYOTA кои се произведени во последните 18 години се сеуште на патиштата. Меѓу задоволните сопственици се и такси компаниите, вистински маратонци. Гаранцијата на TOYOTA од 6 години важи и за хибридните автомобили.  Со ова гарантираме многу години на безгрижно уживање, префинето и економично возење.

 

Мит бр. 2 - За полнење на хибридите потребен ни е електричен приклучок !

Хибридната батерија се полни автоматски во текот на возењето. Кај класичните автомобили кинетичката енергија која се ослободува во процесот на сопирање се претвара во топлинска. Кај хибридните автомобили на TOYOTA хибридната батерија регенеративно се полни при процесот на сопирање бидејќи кинетичката енергија се претвара во електрична и истата се складира во хибридната батерија. Оваа складирана електрична енергија подоцна се употребува како  извор на енергија за движење на автомобилот. Моделот Prius Plug-In  (PHV) се полни со електричен приклучок со што се овозможува поголем опсег на електричен режим.

 

Мит бр. 3 - Хибридите се скапи !

Хибридните автомобили се Ваш оправдан избор. Денес во понудата на TOYOTA има голем број на хибридни автомобили кои со цените се многу блиски до конвенционалните возила. Почнувајќи од Yaris Hybrid преку компактниот Auris Hybrid  и караванот Auris Touring Sports Hybrid, па се до мега популаниот Prius кој сега е во изведба и со 7 седишта (Prius +) ,понудата е толку разновидна што секој може да пронајде нешто за себе. Хибридите денес се најекономичниот избор поради ниската потрошувачка на гориво , ниските трошоци за одржување како и бенефицијата што не подлежат на акцизни оптоварувања .

 

Мит бр. 4 - Хибридите се спори и тромави !

Електромоторот има моментален максимален вртежен момент. Тоа значи дека хибридите одлично забрзуваат. Со помош на бензискиот мотор резултатот е неверојатен ! Хибридните автомобили на TOYOTA секогаш стартуваат со помош на електромотор , а забрзуваат со меѓусебно надополнување помеѓу електромоторот и бензискиот мотор.

 

Мит бр. 5 -  Хибридите имаат позитивно влијание врз животната средина !

Еколошката предност е секако на страната на хибридот. Додека возите хибрид  CO2 емисијата е значително помала. Ова исто така важи и за емисијата на цврстите честички кои се означени како канцероген фактор.

Хибридна батерија ? Таа е 100 % обновлива и за неа се грижи европскиот центар на TOYOTA за рециклирање во Франција. Речиси сите компоненти на хибридната батерија повторно се користат за производство на нови батерии.

 

 

ХИБРИД=ТИШИНА

Овозможете си себеси и на животната средина тишина. Бучавата спаѓа во поголемите загадувачи на животната средина. Ние помагаме во стишувањето.

 

 

 

ХИБРИД= НИСКИ ТРОШОЦИ НА ПОСЕДУВАЊЕ