TOYOTA е прва асоцијација за електромобилност,
истражување спроведено од страна на TÜV.
Во последната глобална анкета спроведена од TÜV Rheinland во Германија, Toyota го зеде првото место како најпрепознатлив бренд помеѓу испитаниците кој најмногу асоцира на електомобилност.
Извештајот исто така покажува дека не само што Toyota е најпрепознатлив бренд во електромобилноста, исто така е број еден бренд избор за потенцијалните клиенти во Европа при донесувањето на одлука за купување на возило. 33% од сите испитаници во Европа се изјаснија дека тие би одбрале возило од Toyota кое поседува целосна хибридна технологија доколку планираат да купат таков тип на возило, со што Toyota се најде на првото место во автомобилската индустрија.

За својата глобална студија за електрични возила објавена на 14 септември 2011 година, TÜV Rheinland интервјуираше потрошувачи од дванаесет големи автомобилски пазари, вклучувајќи ги: Кина, Данска, Германија, Франција, Индија, Израел, Италија, Јапонија, Португалија, Шпанија, Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави на Америка. Испитаниците се сопственици на возила , или пак луѓе кои имаат пристап на возила за лични патувања, на возраст од 18 или повеќе години.
Toyota за прв пат го лансираше пионерскиот модел Toyota Prius во 1997 година, првото целосно хибридно возило пуштено во масовно , сериско производство кое се напојува со електричен мотор, заедно во комбинација со конвенционален бензински мотор. Оттогаш се продадени повеќе од 3,3 милиони Toyota и Lexus хибридни возила низ целиот свет, од кои 370.000 во Европа. Во 2012, семејството Prius ќе се збогати со уште два нови члена : Prius + и Prius plug-in Hybrid. Prius + во својата класа нуди најдобри перформанси за заштита на животната средина за модел со 7 седишта , додека Prius plug-in Hybrid ќе понуди најниска потрошувачка на горивото од 2,1 л/100 км. Prius Plug-In Hybrid може да патува до 23 километри со чист елетричен режим, и бензински мотор кој е подготвен за подолги патувања, елиминирјќи ја " вознемиреноста за досегот" кој го имаа потрошувачите на стандардните електрични возила.
Новиот Toyota Prius, новиот Prius +,Prius plug-in Hybrid и Lexus GS 450h кои дебитираа на овогодинешниот саем во Франкфурт, се приклучија во групата на хибридни производи кои ги нудат Toyota и Lexus. Следната година, купувачите во Европа ќе можат да избираат не помалку од девет Lexus или Toyota возила кои ќе работат на веќе докажаната хибридна технологија.
Актуелно
- Започна револуцијата во Б сегментот
- TOYOTA Hilux го освои Антарктик !!!
- TÜV - Toyota е лидер во производство на квалитетни возила веќе втора година по ред
- Тојота е лидер во индустријата со најнизок просек на емисија на (CO2) во Европа
- Toyota и Lexus на врвот на листата при избор на возила за флотни продажби за 2011 година
- Toyota GT 86 - Passion is back !!!
- Toyota ќе претстави уред за домашно полнење на Plug-in и електричните возила
- Тојота и Интел
- Toyota Pro Tect - High-Tech заштитен слој сега достапен за нови и користени возила на Toyota во Европа
- TOYOTA – “Најзелен” производител за 2011
- Toyota Touch Life - прв производ во светот кој го покажува екранот на паметните мобилни телефони во автомобилот
- Toyota лансира револуционерна игра на Facebook (Social Network Racer)
- Два милони Јарис возила произведени во фабриката во Франција
- TOYOTA најдобар автомобилски бренд за 2011
- KU:RIN - Возило од соништата
- TOYOTA е прва асоцијација за електромобилност, истражување спроведено од страна на TÜV.
- Мини партнер за макси добивка - AYGO Van 1.0 VVT-i
- TOYOTA и LEXUS на врвот на листата за најеколошки возила во Германија
- TOYOTA е број еден според Global Green Brands Report
- Тојота отвора нов прозорец кон светот !!!
- Toyota Motor Europe го отвори својот нов полигон за тестирање во Техничкиот центар во Завентем, Белгија
- Тојота 'Зелен месец'
- Елена Ристеска - Driven by Auris
- SPA третман за вашата TOYOTA
- Toyota Auris Hybrid е прогласен за “Возило на иднината”
- Саем на автомобили во Женева 2011
- Toyota stickerfix













