TOYOTA е број еден според "Global Green Brands Report"
TOYOTA е убедливо најзелениот бренд во листата на “најзелени брендови" ,извештај објавен од страна Interbrand, бренд консалтинг агенција која информацијата ја објави на 26 јули, 2011. Студијата ги зема во предвид јавно достапните информации за придонесот на брендот кон животната средина заедно со перцепцијата на јавноста за брендот во придонесот за заштита на животната средина .
Во извештајот Interbrand посочува дека TOYOTA е водечки пример за поставување на важноста на заштитата на животната средина како една од главните приоритети во корпорацијата .
Континуирана заложба на TOYOTA кон животната средина беше истакната уште во Глобалната визија за брендот, објавена во март 2011 година, каде јасно беше искажана заложбата за намалување на емисијата на CO2 во текот на производните и продажните процеси на возилата . Компанијата исто така се стреми за зачувување на природните ресурси преку рециклирање на отпадните материи, а воедно и да ги извршува сите свои активности во хармонија со природата.
Клучен фактор за “зелените перформанси” на TOYOTA, според извештајот, е хибридната технологија. Од своето лансирање во 1997 година, иконата Prius - сега во третата генерација - придонесе за вкупната продажба на 3,2 милиони TOYOTA и Lexus хибридни возила во светот, нудејќи им на клиентите од целиот свет возила со исклучителни еколошки перформанси.
Во 2010 година TOYOTA ја претстави својота иновативна целосна хибридна технологија на компактната TOYOTA AURIS, создадена во фабриката во Велика Британија. Семејството Prius наскоро ќе се прошири со уште еден член , Prius+, модел со 7 седишта ,а следната голема пресвртница на Тојота, над 40 години потрага за одржлива мобилност и ултимативен еко автомобил, е Prius plug-in хибрид кој ќе биде претставен во 2012 година.
На долг рок, TOYOTA работи на неколку проекти за заштита на животната средина имплементирани во своите објекти во Европа. Меѓу нив се: соларниот ѕид во фабриката во Валенсија, Франција, соларните панели во фабриката во Велика Британија, како и планот за поставување на две турбини на ветер во центарот за логистика во Белгија.
Методологијата за мерење на “најзелениот бренд” e развиена од страна на Interbrand во соработка со Deloitte. За составување на извештајот, Interbrand, исто така, разговараше околу 10.000 потрошувачи во 10 од најголемите пазари во светот (вклучувајќи ги и САД, Јапонија, Кина, Германија, Франција, Велика Британија, Италија, Бразил, Шпанија и Индија) за да се измерат потрошувачите перцепции на брендот за неговите “зелени перформанси”.

Актуелно
- Започна револуцијата во Б сегментот
- TOYOTA Hilux го освои Антарктик !!!
- TÜV - Toyota е лидер во производство на квалитетни возила веќе втора година по ред
- Тојота е лидер во индустријата со најнизок просек на емисија на (CO2) во Европа
- Toyota и Lexus на врвот на листата при избор на возила за флотни продажби за 2011 година
- Toyota GT 86 - Passion is back !!!
- Toyota ќе претстави уред за домашно полнење на Plug-in и електричните возила
- Тојота и Интел
- Toyota Pro Tect - High-Tech заштитен слој сега достапен за нови и користени возила на Toyota во Европа
- TOYOTA – “Најзелен” производител за 2011
- Toyota Touch Life - прв производ во светот кој го покажува екранот на паметните мобилни телефони во автомобилот
- Toyota лансира револуционерна игра на Facebook (Social Network Racer)
- Два милони Јарис возила произведени во фабриката во Франција
- TOYOTA најдобар автомобилски бренд за 2011
- KU:RIN - Возило од соништата
- TOYOTA е прва асоцијација за електромобилност, истражување спроведено од страна на TÜV.
- Мини партнер за макси добивка - AYGO Van 1.0 VVT-i
- TOYOTA и LEXUS на врвот на листата за најеколошки возила во Германија
- TOYOTA е број еден според Global Green Brands Report
- Тојота отвора нов прозорец кон светот !!!
- Toyota Motor Europe го отвори својот нов полигон за тестирање во Техничкиот центар во Завентем, Белгија
- Тојота 'Зелен месец'
- Елена Ристеска - Driven by Auris
- SPA третман за вашата TOYOTA
- Toyota Auris Hybrid е прогласен за “Возило на иднината”
- Саем на автомобили во Женева 2011
- Toyota stickerfix













