toyota-facebook

Toyota Auris Hybrid е прогласен за “ Возило на иднината”

Германскиот автомобилски клуб ADAC ја додели наградата “Жолт Ангел 2011” ( Gelben Engel ) на првото хибридно возило во компактната класа

  • Одлучувачки фактор за победа на Auris Hybrid се неговата практичност, ефикасност и еколошките перформанси
  • Наградата “Возило на иднината” се доделува по прв пат

Според податоците на жирито, Toyota Auris Hybrid е најнапредното хибридно возило на денешницата, адаптирано за секој дневно користење со достапна цена, позитивно влијание на околината и со висок степен на безбедност. Оценувањето при изборот за нај-автомобил во оваа категорија е спроведено по нова метода на оценување која ја разви ADAC ( нај големиот германски автомобилски клуб ) со цел да се гарантира обејктивно оценување на перформансите.

Toyota Auris Hybrid во целост ги задоволи сите критериуми на оценување а тоа се : екологија ( емисија на CO2 ), трошок (основна цена на возилото и потрошувчка на гориво ), практичност ( број на седишта, багажен простор, автономија на изминати километри, потребно време за надополнување на батериите ) и сигурност ( воздушни перничиња, ESP )

Благодарение на напредната технологија Hybrid Synergy Drive, Toyota Auris Hybrid  постигна исклучително добри резултати, нај ниска емисија на штетни гасови CO2 во својата класа од само 89 g/km, издув NOx  честици под нивото на било кој дизелски агрегат со просечна потрошувачка на гориво од само 3,8 л/100 км.

Toyota Auris Hybrid  го прави првиот чекор кон ширење на хибридната технологија низ целата гама на Toyota до 2020 година.

Toyota Auris Hybrid  е достапна и за македонскиот купувач по цена од 22,990 Еур за нивото на опременост SOL.

Auris-Hybrid.jpg

Актуелно