toyota-facebook
Loading...

TOYOTA – “Најзелен” производител за 2011

strategic-awards-2011.jpgToyota Motor Europe ја освои титулата “Најзелен “производител , на овогодинешниот собир”Strategic Manufacturing” одржан неодамна во Дизелдорф, Германија. Во организација на “World Trade Group” , оваа награда се доделува за извонредни достигнувања во европската производствена индустрија. Наградата за “зелено” производство се доделува како признание на компании кои во текот на производниот процес покажуваат неспоредливи перформанси во заштита на животната средина. За да се утврадат резултатите стручни лица ги пратат студиите за производтсво на компаниите во потесен избор, и тоа поделени по области: максимизирање на нивоата на енергетската ефикасност, користењето на водата, минимизирање на отпадот во производствениот процес како и ускладеноста со законите за заштита на животната средина.

 

Жирито составено од стручњаци во индустријата го истакнаи пофали пристапот на Toyota во заштита на животната средина при процесот на производство, кој покажува цврста врска со основниот принцип: Toyota Production System (TPS).

Steve Hope,генерален директор за производство и безбедност  во Toyota Motor Europe,рече:” Оваа награда е резултат на исклучително големата ангажираност на сите вработени во нашите европски производствени погони, кои континуирано ги подобруваат и применуваат своите знаења и стручност на TPS во секојдневните активности “

Toyota  е  силно фокусирана  во лидерството за заштита на животната средина уште со изградбата на првиот производствен капацитет во Европа во 1992 година, лидерство кое успеа и понатаму да го одржи во сите пет производствени капацитети во Европа.

Актуелно