Тојота "Зелен месец"
Кампањата на “Зелен месец “Тојота ја организира веќе 8 години по ред се со цел да ја зголеми еколошката свест кај вработените преку нивните ангажмани на ова поле.Оваа кампања Тојота ја започнува уште во 1973 под името “ Ајде да ја заштедиме енергијата на работното место “ година кога месецот Јуни е за прв пат е обележан како “ Зелен месец “. Нејзината основна цел е зголемување на еколошката свест кај вработенитепреку нивен директен ангажман во еколошките активности преку организирање на team building активности како што е садењето на дрва, организирани акции за чистење на околината, едукација за непотребно користење на хартијата за печатење итн. Воедно месец Јуни се совпаѓа и со Светскиот ден на животната средина ( 5 Јуни).
Оваа година кампањата на “Зелениот месец “ќе биде под мотото:
“Ефикасно користење на ресурсите : Користи помалку, Живеј подобро”
Акцентот на оваа кампања се става на користењето на ресурсите ( енергија, вода, материјали) на што поеконмичен начин.
Оваа тема е исто така во согласност Зелената недела во Европа.
Во врска со овогодинешната кампања Акио Тојода, претседателот на Тојота корпорацијата, го изјави следното:
“Земјотресот предизвика оштетување на голем број на производствени капацитети на Тојота, како и на многу од нашите деловни партнери, вклучувајќи дилери и снабдувачи. Јас лично ја посетив погодената област и бев сведок на уништените капацитети.
Дури и под такви околности, слушнав дека добивме многу коментари од луѓе од погодените региони, зборувајки за следното"До гориво беше многу тешко да се стигне, но за среќа имам Prius, па јас бев во можност да се движам наоколу", "Кога снемуваше струја, бев во можност да го наполнам мојот мобилен телефон и да добијам информации од телевизија ,сето тоа благодарејќи на мојот хибриден автомобил , "како и дека " светлина од мојот мобилен телефон беше многу мала, но ми беше мило што ја имав во вакви услови."
Ми беше многу мило да слушнам дека Prius, кој што има долг опсег на возење, се користи како возило за итни случаи и спасување на погодените во регионот.
Тојота се надева дека ќе продолжи да обезбедува моторни возила и услуги кои ќе ги импресионираат и изненадат своите клиенти и ќе им донесе насмевка на лицата , а со тоа да биде компанија која постигнува високо ниво на задоволство кај клиентите. Ние остануваме посветени со нашиот придонес кон општеството преку развој на производи кои нудат заштита на животната средина.
Поради земјотресот, недостатокот на електричната енергија во погодените региони, најверојатно, ќе продолжи и во летниот период . Се надевам дека сите, вклучувајќи ги и луѓето кои живеат надвор од овие региони, нема да се дистанцираат од маките на другите, туку ќе размислуваат за она што може да направи да им помогне во овие тешки времиња.”
Глобално Toyota инвестира по 1 милион долари на секој час во нови технологии кои го намалуваат влијанието на издувните гасови од автомобилите кон човековата околина. Пример за возила кои тежнеат кон ултимативното возило со 0 емисија на штетни гасови се pluig in hybrid и возилата на горивни келии. Целта на Тојота не е само да ја намали емисијата на CO2 од возилата, туку и во секој процес при производството и продажбата на автомобилите да го намали негативното влијание кон природата.

Актуелно
- Започна револуцијата во Б сегментот
- TOYOTA Hilux го освои Антарктик !!!
- TÜV - Toyota е лидер во производство на квалитетни возила веќе втора година по ред
- Тојота е лидер во индустријата со најнизок просек на емисија на (CO2) во Европа
- Toyota и Lexus на врвот на листата при избор на возила за флотни продажби за 2011 година
- Toyota GT 86 - Passion is back !!!
- Toyota ќе претстави уред за домашно полнење на Plug-in и електричните возила
- Тојота и Интел
- Toyota Pro Tect - High-Tech заштитен слој сега достапен за нови и користени возила на Toyota во Европа
- TOYOTA – “Најзелен” производител за 2011
- Toyota Touch Life - прв производ во светот кој го покажува екранот на паметните мобилни телефони во автомобилот
- Toyota лансира револуционерна игра на Facebook (Social Network Racer)
- Два милони Јарис возила произведени во фабриката во Франција
- TOYOTA најдобар автомобилски бренд за 2011
- KU:RIN - Возило од соништата
- TOYOTA е прва асоцијација за електромобилност, истражување спроведено од страна на TÜV.
- Мини партнер за макси добивка - AYGO Van 1.0 VVT-i
- TOYOTA и LEXUS на врвот на листата за најеколошки возила во Германија
- TOYOTA е број еден според Global Green Brands Report
- Тојота отвора нов прозорец кон светот !!!
- Toyota Motor Europe го отвори својот нов полигон за тестирање во Техничкиот центар во Завентем, Белгија
- Тојота 'Зелен месец'
- Елена Ристеска - Driven by Auris
- SPA третман за вашата TOYOTA
- Toyota Auris Hybrid е прогласен за “Возило на иднината”
- Саем на автомобили во Женева 2011
- Toyota stickerfix













