toyota-facebook
Loading...

Тојота отвора нов прозорец кон светот !!!

Концепт прикажан на изложбата на  ACEA "Нашата идна мобилност "

Замислете кога патување од А до Б повеќе не е рутина  и како Вашиот автомобил кај Вас  поттикнува чувство на игра, истражување и учење. Ова е сликата која инженерите  и дизајнерите од Тојота Европа (ТМЕ) и Копенхаген Институтот за интеракција и дизајн (CIID) ја имаа кога го креираа конецптот "прозорец кон светот".

Овој концепт ги редефинира односите меѓу патниците во возилото и светот околу него преку трансформирање на прозорот на возилото во интерактивен интерфејс. Користејќи ја самата реалност, преку прикажување на стаклото на прозорецот , овој концепт им обезбедува на патниците во возилото информации за местото и објектите низ кои во мометот се поминува. Прозорецот може да се користи како платно за цртежи, кое се совпаѓа со околината низ која моментално се движи возилото.
Инженерите и дизајнерите од Тојота Kansei  Дизајн дивизијата се здружија со CIID во развивањето на овој концепт во контекст на креирање на мобилноста на иднината.

Концептот за “прозорец кон светот” се состои од следното :

Цртaње во движење - со користење на прозорецот на возилото како платно, патниците можат да цртаат, користејки ги нивните прсти, со што нивните слики ќе се  интегрираат со надворешниот свет.
Зумирање на одредени слики од околината низ која се движиме со возилото - прозорецот станува екран за патниците на кој ќе може да зумирате објекти од окружувањето и истите да ги доживеете во малку поинаква перспектива.
Превод на локалниот јазик – низ патувањето патниците се сретнуваат со нови јазици и култури, и со овој прозорец случувањата и објектите во околината може да ги доживеете на локалниот јазик.
Зголемување на сликата - посочете место во далечината, a на  прозорецот посочената слика ќе се зголеми како да ја гледате од близу.
Виртуелно соѕвездие - панорамскиот кров на автомобилот ги прикажува виртуелените соѕвездија и информациите за нив со вистинското небо како позадина.

Основана  во 2004 година, Kansei Дизајн дивизијата сега е една од клучните столбови на истражувањето и развојот на Тојота. Тимот игра активна улога во креирање на  напредни модели и развој на возила. Оваа нова методологија креирана од Kansei ќе има големо влијание во развивањето на идните возила од Тојота и Лексус.

Институтот за дизајн во Копенхаген е меѓународен центар на за  дизајн, технологија и прототипови основан во 2006 година.

Два работни прототипи на "прозорец кон светот" се прикажани на изложбата  "Нашата идна мобилност " , организирана од страна на Европската автомобилска асоцијација на производители (ACEA), во музејот за автомобили во Брисел , Белгија. Исто така во овој музеј може одблиску да ја погледнете технологијата на  Plug-in  хибридни електрични возила и да направите 3D турнеја на фабрика на Toyota во Burnaston, Велика Британија.

Актуелно