Тојота е лидер во индустријата со најнизок просек
на емисија на штетни гасови (CO2) во Европа
Toyota Европа (ТМЕ) беше посочена како лидер во автомобилската индустрија со најниска емисија на CO2, во неодамна објавениот извештај на Европската комисија и Европската агенција за животна средина.
Просечната емисија на CO2 кај Toyota беше 112,2 g / km (земајќи ги во предвид Toyota и Lexus возилата), и е далеку под просекот во индустријата од 140 g / km а воедно е и за 16 g / km пониска од таргетот на ТМЕ (128,35 g / km).
Резултатите од овој извештај ( 2010 и 2011 год.) како прв од ваков тип, ќе се користат како индикатори за автомобилската индустрија за да се утврди одалеченоста на секој производител од поставената цел за 2012 година.
Таргетот на ТМЕ од 128,35 g / km беше поставен врз основа на 564.633 нови Toyota и Lexus регистрирани возила во 2010 година во земјите членки на ЕУ.
Последниот резултат го потврдува не само лидерството на Toyota во заштитата на животната средина, туку ја потврдува и долгорочна глобална стратегија на компанијата кон чиста и одржлива мобилност преку воведувањето на возила со целосна хибридна технологија. Најнапред лансиран во 1997 година во Јапонија (и во 2000 година во Европа),Toyota Prius беше првото хибридно возило пуштено во масовно производство, набрзо станувајќи апсолутен фаворит. Оваа година, на Prius ќе му се придружат и два нови членови во семејството Prius - Prius +, моделот со 7 седишта како и Prius Plug-in Hybrid.
Кумулативнaта продажба на Toyota и Lexus хибридни возила ја надмина бројката од 3,5 милиони возила во 2011 година,бројка која и понатаму ќе расте благодарение на ширењето на хибридното семејство. Во Европа во 2011, над 10% од продадените Toyota и Lexus возила беа хибридни возила. За прв пат, Toyota оваа година ќе ја претстави својата хибридна технологија во Б сегментот со новиот Yaris Hybrid. Дебитирајќи на саемот за автомобили во Франкфурт во 2011, Lexus GS 450h, исто така, ќе бидат достапен во 2012 година.
Toyota верува дека хибридната технологија е еден од најефикасните и практични начини за намалување на емисијата на штетните гасови.Компанијата континуирано ја подобрува својата веќе докажана хибридна технологија, со намалување на тежината на батериите и подобрување на ефикасноста на Hybrid Synergy Drive технологијата. Toyota исто така развива и други технологии за зголемување на зелената мобилност во иднината,со решенија кои се движат од био-горива до електрични возила како и возила кои функционираат на водородни горивни ќелии. На последниот саем за автомобили во Токио беа прикажани два нови концепти - ултра компактното и лесно електрично возило FT-EV III, погодно за кратки патувања, и седанот со водородни горивни ќелии, FCV-R, работна платформа за модел кој ќе се појави во 2015 година.

Актуелно
- TÜV - Toyota е лидер во производство на квалитетни возила веќе втора година по ред
- Тојота е лидер во индустријата со најнизок просек на емисија на (CO2) во Европа
- Toyota и Lexus на врвот на листата при избор на возила за флотни продажби за 2011 година
- Toyota GT 86 - Passion is back !!!
- Toyota ќе претстави уред за домашно полнење на Plug-in и електричните возила
- Тојота и Интел
- Toyota Pro Tect - High-Tech заштитен слој сега достапен за нови и користени возила на Toyota во Европа
- TOYOTA – “Најзелен” производител за 2011
- Toyota Touch Life - прв производ во светот кој го покажува екранот на паметните мобилни телефони во автомобилот
- Toyota лансира револуционерна игра на Facebook (Social Network Racer)
- Два милони Јарис возила произведени во фабриката во Франција
- TOYOTA најдобар автомобилски бренд за 2011
- KU:RIN - Возило од соништата
- TOYOTA е прва асоцијација за електромобилност, истражување спроведено од страна на TÜV.
- Мини партнер за макси добивка - AYGO Van 1.0 VVT-i
- TOYOTA и LEXUS на врвот на листата за најеколошки возила во Германија
- TOYOTA е број еден според Global Green Brands Report
- Тојота отвора нов прозорец кон светот !!!
- Toyota Motor Europe го отвори својот нов полигон за тестирање во Техничкиот центар во Завентем, Белгија
- Тојота 'Зелен месец'
- Елена Ристеска - Driven by Auris
- SPA третман за вашата TOYOTA
- Toyota Auris Hybrid е прогласен за “Возило на иднината”
- Саем на автомобили во Женева 2011
- Toyota stickerfix













