toyota-facebook

Саем на автомобили во Женева 2011

Toyota на саемот во Женева ќе ја покаже својата континуирана работа во делот на хибридните автомобили. На изложебениот простор на Toyota ќе биде изложена комплетната гама на хибридни возила.

Светска премиера на Yaris HSD концептот со динамичени дизајн и целосна хибридна технологија. Светска премиера на моделот Prius +,  најновиот член на семeјството  Prius  кој ги обединува моделите Prius и Prius Plug-in hybrid.

Европска премиера на EV концептот кој нуди мобилност со краток досег за четири патници. FT-86 II концепт, новата генерација на Toyota спортските автомобили

zeneva-yaris-HSD.jpg

Yaris HSD Концепт

Со светската премиера на саемот за автомобили Женева 2011, Yaris HSD концептот покажува колку силно Toyota има за цел да ја имплементира Hybrid Synergy Drive технологијата во Б сегментот на возила т.е најголемиот сегмент во европа по продажба.
Yaris HSD концептот  има пространа внатрешност со напреден дизајн карактеристичен за хибридните возила. Се одликува со мала потрошувачка на гориво, голема ефикасност а има и клима уред на соларна енергија.

zeneva-prius-plus.jpg

Prius +

Прво хибридно возило со седум седишта во Европа ќе биде премиерно покажано во Женева. Со потполно нов дизајн Prius +  има три реда на седишта т.е е модел со седум седишта и најниска потрошувачка на гориво во таа класа. Prius + е со впечатлив дизајн и со иконска силуета на моделот Prius и панорамски корв. Најнапредната HSD технологија има литиј-ионски батерии . Prius + ги има истите три мода на возење како кај класичниот Prius, со вклучување на модот само на струја, возилото е потполно бешумно, без потрошувчка на гориво и без емисија на штетни гасови.

zeneva-prius-plug-in.jpg

Prius Plug-in

Ова возило покажува колку е напредната HSD технологијата . Има досег на возење од 20 км при брзина 100 км/ч во мод на работа на струја, додека литиј-ионската батерија се надополнува преку класична утичница за струја од 230 V за 1,5 часа полнење. Prius Plug-in може да се вози и како класично хибридно возило при што немора да се размислува за досегот. Проектите во кои се користи ова возило, во моментов покажуваат позитивни резултати а со продажба треба да започне во првата половина на 2012 год.

zeneva-concept-ev.jpg

Концепт на електрично возило EV

Со повеќе од четириесет години искуство во развој на електрични возила, Toyota го претстави најновиот концепт на електрично возило како своја визија за мобилност на кратка релација. Ова возило во Женева ќе биде прикажано на платформа на Toyota IQ. Претставува мобилно и спретно гратско возило со нула емисија на штетни гасови и потполно електрично возило за превоз на четири патници. Брзото надополнување и автономија од 105 км го прават ова возило одлична комбинација за град.

zeneva-toyota-ft-86II-concept.jpg

FT-86 II концепт

Ова возило ја представува идната генерација на спортските возила од Toyota со заден погон. FT-86 на совршен начин го обединува духот на иконската Toyota Levin AE 86. Во целост е насочен кон возачот и неговото задоволство при возењето. Компактната и моќна каросерија заедно со аеродинамиката од F1 го прават ова возила come back на Toyota во спортскиот одел.

Актуелно