Предизвикот на Toyota
Во 2020 год се претпоставува дека ширум целата земјина топка ќе има околу 1,5 билиони возила возен парк, што претставува скоро двојно повеќе од сегашната бројка.
Порастот на оваа бројка највеќе ќе е резултат на европскиот пазар.

Додека овој тренд нуди слобода во мобилноста на милони луѓе, од друга страна претставува и закана за нашата животна средина т.е онаква каква во моментов ја познаваме.
Предизвик 1 Глобално Затоплување
Секторот за транспорт во моментов генерира една четвртина од целосното емитување на CO2 во Европа. За мобилноста да биде на исто ниво и за да ја зачуваме нашата планета за идните генерации, треба да се фокусираме на производство на транспортни средства кои ќе го намалат импактот кон животната средина, нивното користење и распространетоста.
Предизвик 2 Разновиден извор на енергија
Обезбедувањето на адекватен извор на енергија е круцијален потег за идното економско и социјално развивање. Претпоставките се дека побарувачката за енергија ќе се зголеми двојно или тројно во наредните декади. Силни напори треба се превземат за да се осигураме дека енергијата од горива се користи маскимално ефективно, и дека алтернативите во моментов како фосилни горива, био гориво, ел енергија, водород и понатаму се развиваат во мобилната технологија.
Предизвик 3 Подобрување на квалитетот на воздухот
Кога еден агрегат согорува фосилни горива, во издувните гасови се емитуваат партикуларни состојки РМ, нитроген оксиди Nox и други елементи кои загадуваат. Дизелските агрегати ги емитуваат овие состојки повеќе од бензинските. Доколку не се менаџираат издувните гасови правилно, дополнително се загадува воздухот, смог и ги напаѓаат респираторните органи кај човекот.
Предизвик 4 Ефективно подобрување на рециклирањето и на ресурсите
Во зачувувањето на нашата планета, ние мораме да помогнеме во заштита на природните ресурси. Не само што треба да се рециклира, туку и да ја зголемиме ефективност при користењето на ресурсите.




















