toyota-facebook
Loading...

Профил на компанијата

Toyota Motor Corporation е најголем производител на автомобили во светот кој нуди комплетна палета модели, од мини возила до големи камиони. Глобалната продажба на бренодвите Toyota и Lexus, заедно со брендовите на Daihatsu и Hino, изнесува вкупно 9.36 милиони единици во календарската 2007. Освен 12 сопствени фабрики, 11 производни капацитети и претставништва во Јапонија, Toyota има 45 производни фабрики во 26 земји/ локации, кои произведуваат возила и компоненти од брендот Lexus и Toyota. Од март 2003, Toyota има 264,000 вработени низ целиот свет и ги продава своите возила во повеќе од 170 земји и територии. Автомобилскиот бизнис, вклучувајќи ги и финансиите поврзани со продажбата, учествува со повеќе од 90% од вкупната продажба на фирмата, односно консолидирани 16.05 билиони јени во фискалната година до март 2003. Другите активности вклучуваат телекомуникации, монтажни куќи и рекреативни чамци.

Toyota Motor Co. Ltd е основана во 1937год. Првиот мал автомобил (модел SA) беше пуштен во продажба во 1947. Производството на возила надвор од Јапонија започна во 1959 година во мала фабрика во Бразил и продолжи со мрежа која се развиваше во фабрики низ целиот свет.

Освен производството, Toyota поседува и глобална мрежа на капацитети за „Истражување и развој“, со што ги опфаќа трите најголеми автомобилски пазари во Јапонија, Северна Америка и Европа.

Во секоја заедница во која постои и работи, Toyota се бори да биде одговорен корпоративен граѓанин; тесните врски со луѓето и организациите во локалната заедница придонесуваат во многу за меѓусебниот просперитет. Низ целиот свет, Toyota ентузијастички учествува во активностите во заедницата, кои вклучуваат спонзорства на образовни и културолошки програми, меѓународна размена и истражувања.

Денес, Toyota е најголем производител на автомобили по продажба на возила и нето продажба. Toyota е најголемиот јапонски производител на автомобили, со производство од 5.5 милиони возила годишно, што е еднакво на производство на еден автомобил на секои 6 секунди. За времето што Ви е потребно да го прочитате овој текст, ние веќе ќе имаме произведено барем уште три или четири автомобили!

Успешното работење на Toyota не се огледува само во продажбата и броевите на профитот, туку исто така и во бројните награди „Возило на годината“ што ги добива низ целиот свет; како и во водечките позиции кои постојано ги добива за разни категории: услуги за купувачите, издржливост на возилата, технологија на моторите, безбедност, економичност и други извештаи за автомобилството. Според листата на стоте први брендови на магазинот Business Week, Toyota е на 11-тото место, како втор автомобилски бренд, по Мерцедес.

  • Toyota е на прво место во студијата на J.D. Power’s, Customer Satisfaction Study (Истражување за нивото на задоволеност на потрошувачите) во Германија во текот на две последователни години (‘02/’03), со највисока оценка во 5 од вкупно 7 сегменти: Yaris, Corolla, Avensis, Celica, RAV 4. Студијата е заснована на 4 области со различна тежина: Квалитет и одговорност (30%), привлечност на возилото (25%), задоволеност со услугата (23%) и трошоци за сопственост (22%). Очигледно, Toyota e најомилениот автомобил помеѓу сопствениците на возила, со 841 поен од можни 1000, 31 поен пред второто место. Како споредба, во индустријата просекот е 781 поен.
  • Во Велика Британија, студијата на J.D. Power’s покажа дека Toyota ја добива Сребрената Награда, и тоа во две последователни години, веднаш по својот братски бренд Lexus. Оваа година изведбата на Toyota беше подобра од било кога, и нејзиниот комбиниран резултат беше за пет поени повисок, 848, од можните 1000. Анализата на резултатите за индивидуалните модели покажа дека Toyota ги добила овие резултати за четири препознатливи сегменти на пазарот: за Corolla, RAV 4, MR2 и Celica.
  • Одличните резултати од студијата за нивото на задоволеност на потрошувачите јасно покажува дека Toyota изработува автомобили кои имаат висок степен на привлечност за купувачите, дека се сигурни и економични за возење и одржување. Што е уште поважно, кога е потребен сервис или одржување, сервисот на Toyota е ефикасен, пријателски и организиран за да ги задоволи потребите на купувачите.
  • Во автомобилскиот извештај на TUV за 2003, Yaris (во категориите за 1 до 3) ја постигна најниската стапка на дефекти за целото истражување, како што е студијата ADAC каде Avensis ги доби највисоките оценки, а Corolla се квалификуваше за најдобар модел во сегментот.