toyota-facebook

KU:RIN - Возило од соништата

Млади инжинери во Toyota се натпреваруваат во поставување на светски рекорд во брзина со помош на возило кое работи на компресиран воздух.

Уште во Декември 2006 година, претседателот на Тoyota Industries Corporation –TICO  Тесуро Тојода го објави проектот “Возило од соништата”, се со цел да ги охрабри младите инжинери со своите идеи да придонесат кон развој и производтсво на ова возило.

Овој проект успеа да собере околу 40 млади инжинери од целиот свет кои имаа задача да развијат план и прототип на комплетно нов концепт на возило базирано на темата “ Возило од соништата”.

Најновиот производ од овој проект го носи името KU:RIN ( што на јапонски значи “воздух” и “тркало”), возило кое се движи со помош на компресиран воздух. Бидејќи моторот кој го носи ова возило е мал и лесен, се генерира голема моќност и одлично забразување.

Инжинерскиот тим се одлучи да постави светски рекорд во брзина користејќи го KU:RIN.

На 9-ти Септември , со KU:RIN беше измерена брзина од 129.2 Km/h од страна на Јапонскиот институт за истражување на возила на тест стазата во Широсато. Тимот планира овој рекорд да биде запишан во Гинисовата книга на рекорди.

Toyota Industries Corporation е најголемиот светски производител на компресори за клима кај возилата, со годишна испорака од околу 20 милиони компресори. Компресорот се користи да го компресира разладниот медиум, кој пак претставува клучен елемент на разладниот систем. Моторот на KU:RIN  ја користи силата на експанизијата на компресираниот медиум, при што експанизраниот компресиран воздух генерира сила кој го придвужува возилото.

KU:RIN  е возило кое е пријателски расположено кон природата и не користи фосилни горива или електрична енергија.

toyota-kurin.jpg

Актуелно