toyota-facebook
Loading...

Животна средина

Во дваесетиот век автомобилите кои играа важна улога во развојот на општеството, извршија силно влијание врз животната средина. Автомобилите и понатаму ја задржуваат улогата на неопходно средство, но улогата на животната средина во дваесет и првиот век добива примарно значење. Без развиена еколошка свест, автомобилската индустрија нема иднина. Toyota е цврсто убедена дека само автомобилските индустрии кои ќе успеат на ова поле ќе бидат прифатени во општеството.
За да се осигура дека нејзините производи ќе бидат прифатени и добро примени низ целиот свет, Toyota ја позиционира екологијата како приоритет и се стреми да стане лидер на глобално ниво преку врвната еколошка технологија. Со цел да се постигне ова, Toyota ги применува овие еколошки стандарди во секој регион, во секоја област на светот. Toyota исто така верува дека од големо значење е спроведувањето на стандарден и континиуран follow-up. Toyota ги спроведува еколошките стандарди во сите пори на менаџментот, во сите области во светот и во сите фази на животниот циклус на возилото, вклучувајќи го производството, логистиката, употребата, отпадот и рециклирањето. Toyota високите еколошки стандарди ги применува од производството до фазата на отпад.

Рециклирачки активности низ целиот животен циклус на возилото

На рециклирањето треба да се гледа како на основен елемент низ целиот животен циклус на возилото, од концепцијата на возилото до фазата на отпадно возило. Toyota се вклучува во овие активности со цел рециклирањето да го намали отпадот колку што е можно повеќе и повторно да се употреби независно во која фаза од животниот циклус на возилото, развој, производство, употреба или отпад.
Со цел поефикасно користење на необновливи ресурси, уште од фазата на развој се користат рециклирачки технологии.
Рециклирањето на автомобили е позитивен придонес кон намалување на голем број влијанија врз екологијата. Со повторната употреба на рециклираните материјали или нивно искористување како енергетски извор се намалува влијанието врз животната средина.