toyota-facebook
Loading...

Рециклирачки активности низ целиот животен циклус на возилото.

На рециклирањето треба да се гледа како на основен елемент низ целиот животен циклус на возилото, од концепцијата на возилото до фазата на отпадно возило. Toyota се вклучува во овие активности со цел рециклирањето да го намали отпадот колку е можно повеќе и повторно да се употреби независно во која фазите од животниот циклус на возилото, развој, производство, употреба или отпад.

Со цел на поефикасно користење на необновливи ресурси, уште во фазата на развој се користат рециклирачки технологии. Рециклирањето на автомобили е позитивен придонес кон намалување на голем број влијанија врз екологијата. Со повторната употреба на рециклираните материјали или нивно искористување како енергетски извор се намалува влијанието врз животната средина.