toyota-facebook
Loading...

Порака од Fujio Cho (поранешен претседател на TMC)

Fujio Cho
Former President, TMC
Chairman, Toyota Environmental Committee
Би сакал да им се заблагодарaм на сите вработени, на TMC и фирмите
со кои работат, за активното инволвирање во превземените активности во областа на екологијата.

Стремење кон општество способно за континуиран развој

Со цел за континуиран развој како активност во 21-виот век, Toyota долгорочно ја позиционирала екологијата како приоритет и како што е наведено во “Глобалната Визија 2010“, цели да стане лидер во глобалната регионализација преку врвните еколошки технологии до реализацијата на општество ориентирано кон рециклирање.
Toyota беше активно инволвирана во неколку еколошки иницијативи. Првата генерација на Prius, првото светско хибридно патничко возило за масовна продукција, беше лансирано во 1997, истата година кога третата по ред Конференција на Партиите (COP3) на UN Framework Convention за Климатските Промени којшто се одржа во Kyoto. Во 2003 Prius-от беше опремен со THS-II следната генерација на хибридни системи, кои ги поставија еколошките перформанси на највисоко ниво. Од Март 2005, збирната продажба на хибридни возила низ целиот свет ја надмина бројката од 360.000 возила.
Toyota истотака работи на воведување на линија на хибридни возила. Во Март оваа година на Јапонскиот пазар се преставени два хибридни SUV модели, Harrier Hybrid и Kluger Hybrid. Како одговори на законите за рециклирање на автомобили во Јапонија и Европа, се изнаоѓање на концепт на дизајн кој се рециклира, намалување на отпаден материја по единица производ и CO2 емисијата во производниот процес, како примери на придобивките од еколошлите иницијативи. Ова е резултат на макотрпната работа на вработените на Toyota низ целиот свет, за што сум благодарен.Верувам дека овие активности може да придонесат, барем во мал дел, во реализацијата на подобро општество.
И покрај тоа што сите сме свесни, неможе да се негира фактот дека автомобилите влијаат врз природата, на сите нивоа на животниот циклус, како продукцијата, употребата и распространетоста, вклучувајќи ја тука и распространетоста на CO2 гасот и другите гасови штетни за природата. Со Kyoto Протоколот, кој бара од развиените земји да ја редуцираат емисијата на штетни гасови, што се применува од Февруари оваа година предложените намалувања се имплементираат од страна на сите потписници на документот. Toyota исто така прави напори на намалувањето на влијанијата врз природата во областите како што се производството, преку промовирањето на технологиите за заштеда на енергија и и развој на напредни технологии како хибридната технологија. Иднината на автомобилската индустрија лежи во развојот на еколошки технологии. Цврсто сум убеден дека во иднина ќе успеат да опстанат само оние автомобилски индустрии коишто ќе успеат на ова поле.

Компанија во која луѓето низ целиот свет имаат доверба и почит

За годинешниот Светски месец на екологијата, го задржавме минатогодишниот светски слоган “Мисли и делувај’’ и ќе се спроведат голем број на активност во соработка со соработници во Јапонија и прекуокен. Toyota го развива бизнисот на глобално ниво а со тоа ги поместува границите на високите очекувања од купувачите. Имајќи ја во предвид оваа ситуација, се надевам дека секоја компанија, секое работно место и секако секој од Вас ќе ги согледа придобивките од Светскиот месец на екологијата и ќе ја преиспита сопствената работа низ призмата на екологијата насочувајќи се во правец на придонесување во екологијата. Како членови на Toyota Групацијата активни во голем број на проекти низ целиот свет, се надевам дека сите ние ќе бидеме горди на придонесот на Toyota во областа на екологијата и деловните активности кои придонесуваат во подобрување на општеството, предизвикувајќи доверба и респект од другите.