Два милони Јарис возила произведени во фабриката во Франција.
Два милионитиот Јарис кој минатата недела беше произведен во фабриката во Франција беше 1.4 D4-D литарскиот модел со 5 врати во Burning Red боја на каросерија. Сопственик на возилото е купувач од Франција на кој возилото ќе му биде испорачано во наредните неколку дена.
Производството на Јарис во фабриката во Валенсија започна во Јануари 2001 година со годишно производство од 150.000 возила, достигнувајќи го својот максимум од 262.000 возила во 2007 година. За достигнување на оваа бројка во фабриката беше воведена и трета смена се со цел да се задоволи побарувачката за возилото на пазарот.
Повикувајќи се на успешната приказна за Јарис во Европа како најпродаван модел на Тојота и коинцидирајќи со скорешното лансирање на третата генерација на Јарис, Тојота ќе го врати работењето во три смени во Јануари 2012. Работната сила исто така ќе биде зајакната со дополнителни 800 работници, со што бројот на вкупно вработените во оваа фабрика ќе достигне 4300.
Претседателот на Тојота Франција, Макото Сано во врска со ова рече: “Овој важен момент беше постигнат благодарение на посветеноста и напорното работење на сите вработени во оваа фабрика. Со пристигнувањето на новиот Јарис, фабриката влегува во една нова динамична ера.”
Етаблираниот висок квалитет , издражливост и сигурност на Јарис, кои вообичаено високо се рангираат во истражувањата за задоволство на купувачите во Европа, се уште повеќе зајакнати кај новата генерација. Инжинери од фабриката во Франција беа вклучени во развојниот процес на новиот Јарис 18 месеци порано отколку кај било кој друг претходен модел. Исто така, добавувачите на делови беа директно вклучени производниот процес се со цел да се постигне квалитет на највисоко можно ниво.
Новиот Јарис и понатаму продолжува да ја одржува традицијата на безбеден автомобил и овојпат освојувајќи ги максималните 5 ѕвезди на Euro NCAP тестот за безбедност. Првата генерација на Јарис се здоби со признанието најбезбеден во супер мини класата во 2000 година, призание доделено од страна на Euro NCAP. И втората генерација исто така успеа да ги освои 5-те ѕвезди за безбедност во 2005 година.
Производството на новиот Тојота Јарис Хибрид ќе започне следната година во истата оваа фабрика.

Актуелно
- Започна револуцијата во Б сегментот
- TOYOTA Hilux го освои Антарктик !!!
- TÜV - Toyota е лидер во производство на квалитетни возила веќе втора година по ред
- Тојота е лидер во индустријата со најнизок просек на емисија на (CO2) во Европа
- Toyota и Lexus на врвот на листата при избор на возила за флотни продажби за 2011 година
- Toyota GT 86 - Passion is back !!!
- Toyota ќе претстави уред за домашно полнење на Plug-in и електричните возила
- Тојота и Интел
- Toyota Pro Tect - High-Tech заштитен слој сега достапен за нови и користени возила на Toyota во Европа
- TOYOTA – “Најзелен” производител за 2011
- Toyota Touch Life - прв производ во светот кој го покажува екранот на паметните мобилни телефони во автомобилот
- Toyota лансира револуционерна игра на Facebook (Social Network Racer)
- Два милони Јарис возила произведени во фабриката во Франција
- TOYOTA најдобар автомобилски бренд за 2011
- KU:RIN - Возило од соништата
- TOYOTA е прва асоцијација за електромобилност, истражување спроведено од страна на TÜV.
- Мини партнер за макси добивка - AYGO Van 1.0 VVT-i
- TOYOTA и LEXUS на врвот на листата за најеколошки возила во Германија
- TOYOTA е број еден според Global Green Brands Report
- Тојота отвора нов прозорец кон светот !!!
- Toyota Motor Europe го отвори својот нов полигон за тестирање во Техничкиот центар во Завентем, Белгија
- Тојота 'Зелен месец'
- Елена Ристеска - Driven by Auris
- SPA третман за вашата TOYOTA
- Toyota Auris Hybrid е прогласен за “Возило на иднината”
- Саем на автомобили во Женева 2011
- Toyota stickerfix













