toyota-facebook

Четири хибридни возила на TOYOTA и LEXUS на
врвот на листата за најеколошки возила во Германија.

Во најновото издание на листата за најеколошки возила објавена од страна на клубот за сообраќај во Германија, Verkehrsclub Deutschland (VCD), хибридните возила на TOYOTA и LEXUS ги заземаа доминантните места во категоријата најеколошки возила на пазарот, позиционирајќи се на првите четири места во конкуренција од 385 возила. Моделот на LEXUS, CT 200h е рангиран како број еден со вкупно освоени 7,83 бодови, по кој следи моделот на TOYOTA, Prius ( 7,53), Toyota iQ 1.0 VVT-I (7.43), и Toyota Auris Hybrid (7.33).

LEXUS, CT 200h и Toyota Auris Hybrid ги заземаа првото и второто место во компактната класа додека TOYOTA, Prius го завзема првото место во категоријата, фамилијарен автомобил.

Во категотијата, возила со најниска емисија на CO2, Lexus CT 200h и Toyota Auris Hybrid ги завземаа второто и четвртото место. Емисијата на CO2 кај CT 200h изнесува 87g/Km, додека кај Auris Hybrid таа изнесува 89g/Km.

Во врска со ова претседателот на TOYOTA Motor Europe, Дидиер Лерој изјави: “Исклучително ми е мило што нашите возила се на врвот на листата за најеколошки возила , врз основа на независното истражување спроведено од страна на почитуваната германска организација. Со нашата целосна хибридна технологија докажавме дека покрај бенефитот во намалената потрошувачка , оваа технологија е и исклучително пријателски расположена кон природата.

VCD е непрофитна организација која за првпат ја објавува листата за најеколошки возила во 1989 година, кога и почнува со работа.Оценките на возилата се базираат врз основа на следните фактори: 60% емисија на CO2, 20% бучава; 15% штетни емисии ( NO2, NOx) и 5% влијание врз животната средина (на пример, NOx). VCD за својот последен извештај оценуваше 385 возила, и ги исклучи сите возила кои имаа емисија на CO2 поголема од 180 g/km.

auris-hsd.jpg

Актуелно