toyota-facebook

ТРИ ГОДИНИ ПАТНА ПОМОШ

ВИЕ ВОЗЕТЕ, TOYOTA СЕ ГРИЖИ

БИЛО КАКОВ ПРОБЛЕМ, ВО БИЛО КОЕ ВРЕМЕ 24/7

ТЕЛ +389(2)3181-181

Во рамките на постојаните обиди за поголемо задоволување на потребите на своите потрошувачи, TOYOTA, со задоволство ја понуди бесплатно услугата ТРИ ГОДИНИ ПАТНА ПОМОШ.

ПАТНА ПОМОШ ВО СЛУЧАЈ НА:

  • механички дефект
  • сообраќајна несреќа
  • недостиг на гориво
  • празен акумулатор
  • оштетена гума
  • губење на клуч или заборавање на клуч во возило
  • .......

24 часа на територија на Република Македонија

7 чекори за користење на бесплатната помош

  1. Вашето име и регистарскиот број (може и шасија )
    Потребни се за Ваше препознавање и препознавање на Вашите права
  2. Телефонски број или е-маил на кој може да ве добиеме
    За да добиете повратна информација во врска со превземените активности
  3. Место на кое се наоѓа вашето возило
    За да може да ве лоцираме за превземање или помош во врска со возилото
  4. Опис на проблемот
    Со подетално објаснување на проблемот, полесно ќе ви помогнеме
  5. Останати услови
    Бесплатната помош е со важност од три години или 100.000 км во зависност што попрво ќе истече.
  6. Возила кои се покриени со бесплатната помош
    Сите TOYOTA возила кое се официјално продадени од мрежата на Тојота Авто Центар, со исклучок на следниве
    • Локално преработени возила без одобрување од Тојота Авто Центар (амбулантни, погребни ... итн)
    • За такси возилата и возила авто школа ќе се нуди исклуливо шлеп служба помош
    • Учество во натпревари за спортски автомобили или слични манифестации
    • Вонредни услови како војни, револуции, немири, штрајкови.
  7. За бесплатна патна помош во Европа се доплаќа 25 Еур ( 1,500,00 ден)

besplatna-pomos.jpg